Македонија
„Партизаните не преговараат со фашисти“, пред Владата се бараше „Не“ за францускиот предлог

Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараа да се отфрли францускиот предлог. Тие беа децидни дека ако се прифати предлогот, министрите во Владата ќе бидат разнебидувачи на Македонија.
„Нема да биде претерано ако заклучам дека ЕУ отворено поддржува поделба на црни и бели. Токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ на Франција и на Бугарија, за мене како Македонка е неприфатлива. Не за ЕУ!“, кажа една од говорниците. Неприфатлива треба да биде и за оние што треба да го прифатат овој француско-бугарски предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот идентитески столб, македонскиот јазик. Само и само да се оствари вековниот великобугарски сон“, кажа една од говорниците.
„Партизаните не преговараат со фашисти“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, бее само дел од транспарентите. Во рацете, присутните држеа „Не“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска се очекува променливо облачно и свежо време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со пообилни врнежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.
Македонија
(Видео) Силно невреме го зафати Кавадарци, паднати дрва, поплавени улици и подруми

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вечерва го зафати Кавадарци, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
„Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината, се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории.
Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” се на терен.
За половина час наврнале 40 литри/м2. На улица ,”Беласица” се отстранува паднато дрво од силниот ветер, а се расчистуваат и наноси од кал“, информира Јанчев.
Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на општина Кавадарци.
Од општина Кавадарци ги известуваат сите граѓани кои имаат
било каков проблем да се јават во Кол Центарот на општината на бројот 13 300.
За невремето информираат и од Центарот за управување со кризи.
„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, стои во објавата на фејсбук од страна на ЦУК.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути, на Табановце и Пелинце околу два часа

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу половина час. На ГП Табановце и ГП Пелинце се чека околу 2 часа за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.