Македонија
Пендаровски во Малме се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Малме, на маргините на меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот REMEMBER – REACT („Запомни – Реагирај“), се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва.
Претседателот Пендаровски и министерот Силва на средбата разговараa за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите во пресрет на одржувањето на состаноците на Европската Унија до крајот на оваа година.
Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка и за конструктивните предлози од Португалија за надминување на блокадата предизвикана од приговорите на Бугарија, претседателот Пендаровски истакна дека продолжениот застој во процесот на проширување на Европската Унија ќе има долгорочни негативни последици врз развојот и стабилноста на целиот регион и притоа изрази очекување дека поддршката од Португалија ќе се интензивира во наредниот период.
Двајцата соговорници на средбата изразија очекување дека уште за време на тековното словенечко претседавање со ЕУ ќе биде направен исчекор во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Во оваа насока претседателот Пендаровски истакна дека поддршката од Португалија во процесот на нашето пристапување кон Европската Унија, пред сѐ, во областа на заштитата на животната средина, реформите во администрацијата и земјоделството е добредојдена.
На средбата претседателот Пендаровски и министерот Силва разговараа и за билатералните односи на двете држави, при што изразија подготвеност за унапредување на севкупните односи, како и развој на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Соговорниците исто така ја истакнаа потребата од зајакнување на соработката во економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

