Македонија
Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот за никогаш да не се повтори
Во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, претседателот Стево Пендаровски попладнево се обрати на комеморативниот настан организиран од италијанската амбасада во нашата земја, а во соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија.
Истакнувајќи дека на овој ден во 1943 година речиси целата еврејска заедница била насилно собрана и депортирана во Треблинка, претседателот Пендаровски потенцира дека половина од убиените 7.144 македонски Евреи биле деца.
„За време на холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени“, истакна претседателот Пендаровски.
Во рамките на настанот претседателот Пендаровски разговара со Ензо Мерло, режисер на документарниот филм „70072: Девојчето што не знаеше да мрази“ и со главната протагонистка Лидија Максимович, една од неколкуте илјади преживеани од логорот на смртта – Аушвиц.
„Пораката на преживеаните е многу јасна. Тие не поттикнуваат омраза бидејќи омразата го уништува најмногу оној што мрази. Тие не бараат ниту одмазда бидејќи одмаздата ја продлабочува неправдата. Тие бараат да се сеќаваме на вистината за холокаустот за никогаш да не се повтори“, додаде претседателот Пендаровски.
На онлајн-настанот се обратија и претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, како и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.
Во спомен на македонските Евреи, кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот Треблинка, денеска во дворот на Кабинетот претседателот Пендаровски симболично засади садник од даб, а беше поставена и спомен-плоча со порака „Простуваме, но не забораваме“. Дрво беше засадено и во ерусалимската парк-шума на мирот „Амандав“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

