Контакт

Македонија

Пендаровски и Џафери заедно патуваат на самит во Тирана, двајцата најавија средба со Зеленски

Објавено пред

Во Тирана денеска се одржува првиот самит Украина – Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат претседателот Стево Пендаровски и премиерот, Талат Џафери.

Како што информираа од нивните кабинети, во агендата на двајцата највиски државни функционери предвидена е средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Предвидено е да биде потпишана и Заедничка Декларација на Република Северна Македонија и Украина за евроатлантските интеграции на Украина.

Пендаровски ќе има свое обраќање на пленарната сесија на Самитот.

Во состав на владината делегацијата се и вицепремиерот Бојан Маричиќ, шефот на МНР Бујар Османи и Филип Николоски – заменик министер за финансии.

На Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, на кој домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а ко-домаќин е украинскиот претседател Володимир Зеленски, своето учество го потврдија претседателите на Република Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседателките на Република Косово и на Република Молдавија, Вјоса Османи Садриу и Маја Санду, премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. На Регионалниот самит за развој на Западен Балкан во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, ќе присуствува и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Ова е прва посета на Зеленски во Албанија.  Според објавената агенда, се очекува Рама и Зеленски да одржат воведни говори, а потоа и средба зад затворени врати.

Самитот ќе биде заокружен со нивна заедничка прес-конференција. Во пресрет на самитот, Зеленски на платформата „Икс“ напиша дека ја цени улогата на Албанија и премиерот Еди Рама во поддршката на Украина и го нарече Рама „непоколеблив пријател на Украина“.

Најново

Македонија2 часа

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт2 часа

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија3 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт4 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт5 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија5 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...