Македонија
Стево Пендаровски консензуален кандидат за претседател
Стево Пендаровски е изборот за консензуален кандидат за претседател на државата од СДСМ, ДУИ и Алтернатива на Африм Гаши, дознава „А1 он“. Неофицијално, попладнево владејачкото мнозинство и официјално ќе ја соопшти оваа одлука.
На средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на маса биле ставени две имиња – Стево Пендаровски и Оливер Спасовски, кои се споменуваа и досега во јавноста како можни кандидати. Сепак, владејачкото мнозинство се одлучило за Стево Пендаровски, како што вчера објави „А1 он“.
Изборот се должи на високиот рејтинг што го покажа на неколкуте последни испитувања на јавното мислење кај граѓаните вклучувајќи ги неопределените гласачи, огромната поддршка кај албанскиот блок, како и поддржувачите на СДСМ.
На Конгресот в недела СДСМ се очекува со акламација да застане зад кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Лефков: Филипче брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат обвинителството да не отвора постапки против нив
Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Филипче преку фирмата „Стабри Интернешенал“ од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави.
Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе.
Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи.
Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија“, вели Лефоков.
Прашува каде требало да завршат овие 6 милиони евра.
Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема?
Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата?, праша Лефков.
Филипче, како што додава, доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок.
„Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд.
Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција за да го краде народот.
Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДС на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партиј“, истакна Лефков на прес-конференција.
Македонија
223 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи. Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција
Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон во земјава, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.
– Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања, напиша Мицкоски на Фејсбук.