Македонија
Пендаровски: Немам причина да го бојкотирам вториот круг зошто ќе ги добијам изборите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Дојран-3.jpg)
Во рамки на изборниот караван претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска оствари средби со граѓаните на Дојран и на Богданци.
Осврнувајќи се на досегашата работа на оваа владејачката гарнитура, Пендаровски посочи на нашето членство во НАТО, каде сме заедно со најсилните, најразвиени светски држави. ,,Без безбедност, нема економски раст” потенцираше Пендаровски.
,,Да немавме внатрешна блокада за неколку години од сега државата ќе беше и полноправна членка на ЕУ” додаде Пендаровски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа анти-европското однесување на Бугарија и нивната блокада.
,,До сега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато”, подвлече Пендаровски.
Во интеракција со граѓаните, Пендаровски беше запрашан за коментар околу обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори, на што Пендаровски одговори дека со тоа Мицкоски јавно го кажува својот страв.
,,Немам причина да го бојкотирам вториот круг, зошто ќе ги добијам изборите”, подвлече тој.
Граѓаните побараа коментар и за обвинувањата на опозицијата дека не работел транспаретно и ги затворил народните канцеларии. На ова Пендаровски возврати дека неговиот кабинет во секое време е отворен за посета и дека до ден денес во центарот на Скопје, како младинска канцеларија, функционира канцеларијата на претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.