Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Полицијата мора да е деполитизирана и департизирана

Објавено пред

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е задоволен од работата на полицијата, гледа напредок, но смета дека реформите мора да продолжат.

Тој им го честиташе Денот на полицијата на сите припадници на МВР, посочувајќи им да продолжат чесно да ги извршуваат сите работни задачи, бидејќи работат во една од најважните институции во државата. Пендаровски дополнително рече: „Очекувам да не се срамите да кажете каде работите“.

„Во вашата работа неколку работи се најважни. Првата е владеењето на правото. Второ професионалноста. Во оваа држава законите важат подеднакво за сите, затоа полицијата мора неутрално да ги спроведува законите, без разлика на која било припадност на граѓаните. Полицијата мора да е деполитизирана и департизирана, токму тоа е предуслов за унапредување на полицијата. Пожртвуваноста на заштита на животите на граѓаните“, рече Пендаровски во дел од говорот.

Тој кажа дека за безбедноста на Македонија придонесува НАТО, но и натаму остануваат безбедносните предизвици со кои се справуваат полициските службеници.

„Неспорно е дека МВР е далеку понапред во однос на состојбите од пред 5-10 години, кога институцијата беше партиски штаб. Мораме да вложуваме во полицијата. Безбедносните предизвици како што се кибернападите, хибридните закани, тероризмот, нема да исчезнат. Реформите мора да продолжат“, додаде Пендаровски.

Македонија

Заев-Јанша: Поддршката на двете земји е влог во европската иднина на Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, оствари средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, информираат од неговиот кабинет.

На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев, во свое име, во име на Владата и на народот на Северна Македонија, изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони со декларацијата за важноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, стои во писменото соопштение.

Премиерот Заев ги оценил како извонредни напорите на претседателството на Португалија со Европскиот Совет и понудениот предлог да се деблокира пристапниот процес за нашата земја и истакнал дека предложените решенија ги имаат потребните елементи да продолжи дијалогот Скопје-Софија и да се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ како чекор кон исполнување на безусловната препорака за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Во однос на билатералните односи, како заеднички интерес на оваа средба, двајцата премиери изразиле подготвеност да ги забрзаат подготовките и за првата заедничка седница на владите на двете земји, од која се очекува да биде поттикнат потенцијалот од економските врски, како и интересот и подготвеноста на деловните заедници на Северна Македонија и Словенија за подинамична соработка.

На средбата беше истакнато задоволството што интересот за инвестиции на словенечката деловна заедница е насочен кон поттикнување соработка во областа на банкарскиот систем, земјоделството, животната средина, енергијата, дигитализацијата, туризмот, особено во користењето на термалните води, што се совпаѓа и со интересите на Северна Македонија за стратешки развој во овие области, пишува во владиното соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи утре во Братислава ја отвара новата Амбасада на Република Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава, со што ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во оваа пријателска држава.

Амбасадата според најавите од кабинетот на Османи, официјално ќе биде отворена во 14:00 часот, во присуство на министерот Бујар Османи и неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.

За време на свечениот настан, двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи да разменат мислења и за европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите, со одржување на првата меѓвладина конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојаноска: Единствено нешто за коешто Заев преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали

Објавено пред

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска од пред зградата на МНР во нејзината изјава се осврна на црвената линија и одбраната на националните интереси во спорот со Бугарија.

„Би сакала денеска од пред зградата на МНР да кажам нешто кое целиот свет го знае, а тоа дека националните интереси се црвена линија за секоја една европска и светска држава, само за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино“, рече Стојаноска.

„Би сакала да направам и една паралела со актуелното фудбалско првенство коешто е во тек и на коешто вчера видовме дека целиот македонски народ се обедини и во еден глас навиваше за нашите фудбалери, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија, повторувам на Македонија. Додека пак од друга страна тука во Македонија имаме еден лажен навивач и лажен преговарач, тоа е Зоран Заев, којшто единствено за коешто навива и преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали“, додаде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потенцира дека нејзината партија секогаш била на линијата на мнозинството македонски народ.

„Би сакала да порачам дека остануваме тука и утре, а за тоа што ќе се случува после среда, односно после онаа Комисија останува да го изразиме нашето мислење и став откако сето тоа ќе се случи. Македонија според Устав е независна, самоуверена и самостојна држава и секој кошто ќе се одлучи ова да го прекрши, односно којшто ќе се обиде дел од декларацијата на Бугарија којашто е усвоена во бугарскиот парламент во декември 2019 година, ќе значи дека го нарушува Уставот на Република Македонија и за тоа еден ден секако ќе одговара, а ќе одговара пред оние судови во коишто нема да е вмешано името на Зоран Заев преку неговите судии, обвинители и итн“, порача Стојаноска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет2 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет5 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија5 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа5 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија7 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија7 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион8 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија8 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија10 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет10 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија11 час

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт22 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт23 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт23 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие