Контакт

Македонија

Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт.

„Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија даде исклучителен придонес за меѓународно признавање и етаблирање на земјата и го отвори патот за исполнување на стратешките цели“, е напишано во соопштението од кабинетот на Пендаровски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Левицата: Додека Македонците во Бугарија не смеaт ни да се споменат, власта менува Устав под притисок на бугарските власти

Објавено пред

Членувањето во меѓународните организации, кои практично треба да бидат гарант за еднаквоста помеѓу земјите-членки, покажа исклучителна неприменливост во пракса. Интеграционите процеси за членување во овие организации е преобразено во фази кои го разнебитуваат македонскиот идентитет, велат од Левица.

Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација, сметаат од оваа партија практично започнал уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа, додаваат од Левица, дека првата отстапка направена со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.

Тогаш, појаснуваат, политичките елити прифатиле промена на државно знаме и привремена референца како име на држава, со што како што велат била создадена подлога за соседните земји непрекинато да бараат по парче од сложувалката на македонскиот идентитет.

„Разнебитувањето продолжи преку „Охридскиот рамковен договор“, перипетието се случи во Нивици со ставањето на потписот на „Преспанскиот договор“ а кулминацијата зад затворени врати ја најавува Димитар Ковачевски, преку прифаќањето на бугарското барање за тргање на ветото и деблокирање на интеграционите процеси со ЕУ. Бугарскиот премиер пред пратениците во бугарското собрание го кажа она што делегитимираната власт на СДСМ и ДУИ го спроведува зад грбот на македонскиот народ. Односно, сподели дека Ковачевски продолжува по стапките на Заев и прифатил Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав, најавувајки преговори на заедничката историска комисија, која веќе има изготвени текстови и дека разговори за македонското малцинство во Бугарија се недопустливи“, истакнуваат од Левица.

Според нив ваквите барања се неприфатливи за Македонијa.

„Квази-политичката елита, без ни малку знаење и умешност влегува во дипломатска игра без реципроцитет, дозволува екватантно мешање на внатрешните работи, што го загрозува уставниот поредок на државата. Власта на СДСМ и ДУИ непрекинато работи Македонија да стане дејтонизирана држава, а македонската нација, како конститутивен елемент на државата – да се сведе на етничка заедница! По ниту еден основ не е дозволиво надворешен фактор да одлучува за промена во сопствениот Устав! Власта мора да застане во одбрана на државниот суверенитет и врз основа на ратификуваните меѓународни договори и веќе добиени пресуди, да се избори за правата на Македонците во Бугарија“, нагласуваат од оваа партија.

Поради ова додаваат од таму, Левица инсистира итно да се прекинат преговорите со Бугарија од страна на како што ја нарекуваат, делегитимираната македонска Влада.

„Доколку откажувањето од македонското име, знаме, народ, историја, јазик и идентитет се условите за зачленување во Европската Унија, тогаш тоа не ни треба!“, потенцираат од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Објавено пред

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави скрининг меѓу учениците по случаен избор.

Министерот најави дека ќе бидат преземени мерки доколку се појави ширење на коронавирусот во одреден регион, општина или град.

„Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела и врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерство ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и во зависност од регионот, градот или општината, ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки“, најави Сали.

Вчера, Синдикатот за образование, наука и култура побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Од таму оценуваат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени, треба да се почне со онлајн-настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно, претпладне со повремен слаб снег

Објавено пред

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В недела и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија2 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија3 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет4 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Свет4 часа

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат...

Регион5 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија6 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ6 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет7 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија8 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет10 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет11 час

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет12 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет1 ден

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие