Контакт

Македонија

Пендаровски: Со членството во НАТО, одговорноста на армијата е на многу повисоко ниво

Објавено пред

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска на работен состанок со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беше брифиран за актуелната состојба во одбраната и во армијата, по полноправното членство на државата во НАТО.

Претседателот Пендаровски на состанокот истакна дека со членството во НАТО, одговорноста на армијата е на многу повисоко ниво и поради тоа мора да продолжи инвестирањето во одбраната. Во тој контекст ја реафирмираше неговата заложба за што поскоро исполнување на зацртаната цел – најмалку 2 отсто од БДП да се инвестираат во модернизацијата и развојот на аАрмијата.

На состанокот беа претставени тековните активности, опременоста, степенот на реализација на трансформацијата и модернизацијата во армијата, согласно целите и способностите усогласени со алијансата.

Претседателот Пендаровски беше информиран за тековното учество на армијата во операции предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија, како и планираните учества во текот на следната година.

Пред претседателот Пендаровски беа презентирани достигнувањата во однос на новата структура на силите, целите и развојот на воените способности на армијата и согледувања за натамошна трансформација, согласно потребите што произлегуваат од членството во НАТО.

 

Македонија

Едукативни работилници за рана детекција на рак на дојка, во рамки на програмата за прекугранична соработка со Грција

Објавено пред

Во рамки на проектот Health info, кој е дел од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020, во текот на изминатите две недели се спроведоа едукативни работилници за специјалисти радиолози и радиотехничари, со цел обезбедување напреден тренинг за најдобри практики во врска со испитувања и рана детекција на рак на дојка.

Едукативните работилници опфаќаат повеќе аспекти на дијагностиката, меѓу кои: значењето на техничкиот квалитет на мамографијата, улогата на ултразвукот во скринингот, протоколот за скрининг, техниките на снимање за рано откривање на рак на дојка, како и значењето на раната дијагноза како најважен фактор во успешното лекување на ова заболување, информираат од Министерството за здравство.

Учесниците на работилниците се доктори специјалисти по радиологија и радиoлошки техничари од Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, а едукатори се квалификувани и искусни доктори специјалисти по радиологија и радиолошки технолози од Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетскиот институт за радиологија . Покрај теоретски дел, работилниците се состојат и од практична работа во наведените институции.

Во рамки на проектот се набавени нов дигитален мамограф и ехо апарат во вкупна вредност од 140.000 евра, наменети за Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, со кои веќе се спроведува пилот проект за скрининг на канцер на дојка (мамографија и ехо на дојка), како и скрининг на канцер на грло на матка (гинеколошки преглед, ехо и ПАП тест). На овој начин се добива можност за интегрирање на информациските системи меѓу овие болници и неколку здравствени институции во Грција, а воедно се унапредува комуникацијата со здравствените институции во Грција.

Инаку, овој проект се финансира од страна на Европската Унија која обезбедува 85% од финансиските средства,додека 15% од средствата се национално учество.

Целта на проектот е подобрување на системот на здравствена заштита во пограничните региони на двете земји (битолскиот и гевгелискиот регион), преку воспоставување на иновативен модел – унифициран електронски систем за размена на информации помеѓу двете земји.

Фокусот е да се опфати потешко достапната популација, како што се жени на возраст од 35-60 годиниво помалите рурални општиниво пограничниот регион со Грција,со цел да се адресираат нивните потреби,и истите да се вклучатво квалитетна превентивна програма за скрининг на канцер на дојка и канцер на грло на матка.

Раната детекција на овие болести овозможува поставување рана дијагноза и навремен и ефикасен третман, што во крајна линија има за цел намалување на стапката на морбидитетот и морталитетот предизвикани од овие болести кај наведената популација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

Објавено пред

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/21 година.

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година.

Листата на дадени согласности за организирање на настава со физичко присуство е поставена на веб страницата на владата на следниот ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Објавено пред

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус.

Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово (182), Тетово (174), Струмица (150), Кочани (149), Прилеп (128) и Гостивар (103).

Од скопските општини најмногу заразени има во Аеродром (109), Центар (96) и Карпош (83). Потоа, Гази Баба (80), Кисела Вода (79), Чаир (59) и Ѓорче Петров (50).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија13 минути

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија1 час

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови...

Свет12 часа

Трамп: Политичарите да се тестираат на дрога пред дебатите

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ќе побара неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден да се тестира за...

Економија13 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија13 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион14 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет15 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет16 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ17 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија18 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија19 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ20 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа20 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет20 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ22 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа23 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија2 дена

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа2 дена

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Досие