Контакт

Македонија

Пензионерите и учениците ќе ги добијат парите – помош од државата во втората половина на декември

Објавено пред

Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од последниот пакет антикризни мерки на Владата. Од Министерството за труд социјала за „Макфакс“ велат дека исплатата на финансиската помош ќе биде регулирана со закон за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани кој заеднички ќе го донесат Министерството за труд и социјала и Министерството за образование.

„Пензионерите и корисниците на социјални права предвидени во мерките е предвидено да ги добијат правата на своите трансакциски сметки, сметките на кои ги примаат пензиите или го остваруваат правото, во втората половина од декември. Финасиска поддршка ќе добијат ученици и студенти, најранливите категори граѓани, пензионери приматели на најниски пензии, корисници на надоместок заради попреченост, самохрани родители – корисници на гарантирана минимална помош и родители на деца со попреченост до 26 години кои користат посебен додаток“, велат од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Парична помош од државата ќе добијат вкупно 187.000 пензионери. Колку им е помала пензијата толку е поголема помошта која ќе ја добиваат во следните пет месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари, оние со пензии од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а пензионерите со пензии од 16-19.000 денари ќе добиваат по 1.500 денари во следните пет месеци.

Ученици кои потекнуваат од семејства со месечни примања до 50.000 денари ќе добиваат помош од држава еден месец повеќе од пензионерите, односно шест месеци. Со мерките се опфатени над 105.000 ученици. Основците ќе добиваат по 1.200 денари, а средношколците по 1.800 денари месечно.

Најдолго, односно седум месеци, помош од државата ќе добиваат студентите. Опфатени се 15.000 студенти кои не живеат во местото на студирање. Ќе добиваат ваучер за превоз во вредност од 600 – 1.200 денари.

Најранливата категорија граѓани во која Владата смести вкупно 16.741 лице, ќе добиваат по 2.000 денари во следните пет месеци. Во оваа категорија спаѓаат корисниците на надоместок заради попреченост, самохраните родители корисници на Гарантирана минимална помош и родителите на деца со попреченост до 26 години.

Mерките се правени за граѓаните, не се правени за изборите, рече премиерот Ковачевски

 

Веднаш откога ги соопшти мерките, пред два дена, на премиерот Димитар Ковачевски му беше забележано дека тие се димензионирани како предизборен поткуп оти истекуваат околу изборите планирани за следната година. Тој објасни дека некои мерки истекуваат пред изборите, планирани за мај следната година, а некои по изборите и нагласи дека мерките се правени за граѓаните не се правени за изборите.

„Макфакс“ побара објаснување што било клучно во одредувањето колку месеци ќе трае секоја од мерките кои предвидуваат парична помош. Од кабинетот на министерката Тренчевска објаснија дека кај учениците се раководел од учебната година, а кај пензионерите од месеците во кои се чувствуваат ефектите од продолжената енергетска криза.

„За учениците и студентите периодот на финансиска поддршка е планиран согласно траењето на учебната година, а за пензионерите со ниски пензии и ранливите категории на граѓани поддршката е планирана да ги покрие месеците кога трошоците на домаќинствата за енергенси  се зголемени. Мерките се насочени кон таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани во услови на зголемени трошоци на живот, како и  продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза“, објаснуваат од кабинетот на Тренчевска.

Овој пакет мерки, деветти по ред на Владата е со вкупна вредност од 662 милиони евра и покрај мерки за помош на учениците, пензионерите и најранливите категории граѓани, предвидува мерки и субвенции за земјоделците, за компаниите, мерки за зголемување на платите во јавниот сектор, но и мерки за зголемување на платите во приватните компании.

Најново

Забава14 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава33 минути

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава54 минути

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава1 час

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...

Забава2 часа

(Фото) Магијата наречена Амал Клуни: Сите гледаат во нејзиниот блескав фустан

Во наредните денови ќе уживаме во модните изданија на Амал Клуни, ненадминатата кралица на елеганцијата. Познатиот актер Џорџ Клуни и...

Европа2 часа

Путин одеднаш нареди запирање на нападите врз Киев: ова е причината за прекинот на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат нападите врз Киев три дена, почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват...

Македонија2 часа

Времето утре – сончево и топло: ќе дува засилен ветер од северен правец

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец,...

Забава2 часа

(Фото) Шеесетите се повторно „ин“: Памела Андерсон ги носи најдобро

Памела Андерсон изгледаше стилски како и секогаш, и покрај тоа што помина повеќе од осум часа во авион од Њујорк...

Спорт2 часа

Сензација во Монца, Гасли ја освои пол позицијата

Возачот на Алпина, Пјер Гасли, ја шокира конкуренцијата во Монца, успеа да ја освои пол позицијата. Францускиот возач го постави...