Контакт

Македонија

Пенов: Данокот на имот, наплатата и користењето на средствата во целост се локална надлежност и одговорност

Објавено пред

Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено 100 %. Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип, исто така имаат добри резултати во однос на ажурирањето на податоците, што резултира и со зголемена ефикасност на наплата на даноците, а во општина Арачиново се зајакнуваат капацитетите на организациската  единица за администрирање со даноци, со што се исполнети условите за извршување на надлежноста, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, на чинот на презентирање на резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите – „Партнерство за поефикасни општини“.

Тој потенцира дека сите општини вклучени во првата фаза на проектот ја имаат зголемено стапката на наплата на данокот на имот во просек за 34,5 %, што придонесува за зголемување на стапката на наплата на сопствените приходи за речиси 25 %.

„По алармирањето на некои општини и на Град Скопје дека немаат целосни бази на податоци на даночни обврзници на данок на имот, Министерството за локална самоуправа во соработка со Проектот на УСАИД иницира конкретни активности за целосна поддршка на општините за подобрување на нивните капацитети за наплата на данокот на имот. Крајно време е да се надминат детските болести. Данокот на имот, наплатата и користењето на средствата во целост е локална надлежност и одговорност. Тоа се пари од граѓаните за граѓаните. Не ја амнестирам централната власт, но не може одговорностите да се земаат или оставаат според сопствени желби и процени“, рече Пенов.

За таа цел, формирана е посебна работна група со претставници од Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа, Министерството за транспорт и врски, Агенција за катастар на недвижностите, Државниот завод за ревизија, Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Северна Македонија, ЗЕЛС, Град Скопје и општините Илинден и Тетово, која во наредниот период ќе предложи конкретни законски и подзаконски решенија, како и начини за размена на податоци меѓу надлежните институции и општините.

Најново

Регион2 минути

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување...

Култура5 минути

Објавена програмата на 38. Поетска ноќ во Велестово

На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна...

Забава10 минути

(Видео) Една од најубавите жени го откри полот на бебето, а потоа се пожали: „Понекогаш се чувствувам виновна…“

Унгарската манекенка, Барбара Палвин, и нејзиниот сопруг Дилан Спраус открија заедно во неговиот подкаст „Widmen“ дека очекуваат девојче. Двојката, која...

Македонија21 минута

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни...

Спорт22 минути

Ибрахимовиќ им порача на Англичаните „да се погледнат во огледало“

Златан Ибрахимовиќ им порача на репрезентативците на Англија да „се погледнат во огледало“ и да се прашаат „колку се навистина...

Македонија22 минути

„Савески ја одмрзна Белата палата и му ја врати насмевката на Мицкоски со судство кое ги изгуби и оние 2% доверба“, велат од Левица

„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен...

Забава28 минути

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден....

Македонија35 минути

(Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден...

Забава41 минута

(Фото/Видео) Кара Делевин позираше без гаќички, а потоа порача: „Забавно е“

Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше...