Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.
Македонија
Петков: Бугарскиот интерес мора да се заштити, но и да се надградува

Бугарскиот интерес мора да се заштити, но и да се надградува со сите можности. На сите ни е потребна заедничка железничка линија, сите треба да имаме заеднички бизниси, сите треба да сакаме да имаме заеднички културен календар. Ова го изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков во Брисел.
Петков кажа и дека сака да се сретне со новиот премиер на Македонија по преземањето на функцијата.
Првиот човек на бугарската влада уште еднаш ја истакна важноста од формирањето на работни групи кои ќе се состануваат секој месец. Во интервју за Бугарската национална телевизија, Петков појасни дека станува збор за дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.
Тој повтори дека Владата си задала рок од шест месеци за решавање на спорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција.
-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски. Тој информираше и дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.
-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.
Македонија
Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата и се исцрпени сите можности.
„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.
Македонија
Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Тој бегството го пријави во телевизиско интервју вчеравечер за бугарската телевизија Нова.
„Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, вели Цветанов.
На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече дека тоа што го направил е избор и нема враќање назад.
Министерството за внатрешни работи претходно поднесе кривична пријава против Цветанов за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Цветанов се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.