Македонија
Петличковски: Добив имејл со листа на која претседателот беше друг, министерот рече дека е техничка грешка
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, рече дека добил имејл со листа на имиња на која претседателот бил друг.
„По тоа, дојде и корекција, разговаравме со министерот, прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка и продолжуваме понатаму во ист состав“, рече Петличковски.
„Не можам да се сетам од која адреса беше, но беше од Министерството за здравство“, додаде тој.
Министерството за здравство преку писмено соопштение информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од позицијата претседател на Комисијата за заразни болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
