Македонија
Петличковски: Скринингот во училиштата ќе биде со брзи тестови иако тие потешко го откриваат омикрон
Новиот претседател на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, по првиот состанок на новиот состав објасни дека препорачуваат учење со физичко присуство оти процентот на заразени на возраст од 12 до 18 години не бил голем во однос на целата популација, а работат и на планот за најавениот скрининг во училиштата.
„Се размислува скринингот да биде со брзи тестови, кои не се многу на број, неколку илјади, десетина-дваесет илјади се на располагање, и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие групи. Брзите тестови имаат пониска специфичност за детектирање омикрон отколку на делта-сојот, но и таа специфичност се движи некаде над 50 проценти, па ќе бидат некако употребливи“, вели претседателот Петличковски.
Главна препорака остануваат вакцинацијата и почитување на мерките за носење маска и одржување дистанца. Комисијата во новиот состав ќе се базира на следење на научните студии и приспособување и примена на светските искуства од студиите и кај нас.
„Омикрон-сојот може да го избегне имунитетот од прележување на делта-варијантата и може да го избегне имунитетот што е постигнат со вакцина ако е примена пред повеќе време. Единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата, вклучително третата доза. Има студии што кажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со третата доза вакцина и секако инсистираме да останат мерките за носење маска и одржување дистанца“, рече претседателот Петличковски.
Првиот состанок на Комисијата во нов состав траел два часа, на кој членовите се запознавале со работата, а покрај за учебната година и скринигот, разговарале и за стимулирање на вакцинацијата и за вакциналните сертификати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

