Македонија
Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 32, Куманово – 4, Штип – 5, Тетово – 7, Кавадарци – 8, Гостивар – 8, Струмица – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 2, Виница – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 2, Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 50, Куманово – 16, Прилеп – 2,Тетово – 5, Струга – 28, Охрид – 18, Гостивар – 2, Крушево – 1, Кочани – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 10, Кичево – 1.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52), двајца пациенти од Куманово (55 и 82), пациент од Гостивар (62) и пациент од Охрид (64) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид -ијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589. Денес, се евидентира еден контролен тест. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.946, активни 1.342
• Куманово 1.094, активни 255
• Дебар 206, активни 117
• Штип 876, активни 434
• Прилеп 333, активни 51
• Тетово 1.064, активни 222
• Струга 458, активни 176
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 275, активни 68
• Кавадарци 81, активни 61
• Гостивар 495, активни 287
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 38, активни 22
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 24
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 37, активни 31
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 23, активни 19
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 228, активни 142
• Кичево 177, активни 109
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 830 теста се преку: ИЈЗ – 466, ЦЈЗ Скопје – 12, „Авицена“ – 56, „Биотек“ – 0, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 169, „Систина“ со PCR-метода – 115, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективната клиника – 7, ГАК – 5.
Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 6 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 27, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 113 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 167
• Аеродром – 152
• Бутел – 87
• Гази Баба – 133
• Центар – 110
• Карпош – 112
• Сарај – 62
• Кисела Вода – 153
• Ѓорче Петров – 93
• Студеничани – 47
• Шуто Оризари – 112
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково – 7
• Странец – 5
• Нераспределен – 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Градоначалникот на Гази Баба пријавил дека некој сакал да го удри со „ауди“, полицијата во акција

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски во МВР пријавил дека лице со автомобил „ауди“ се обидело да удри во возилото со кое се превезувал.
Од МВР објавија дека за случајот е приведено лице со иницијали Б.Б. од Скопје, а инцидентот се случил на улицата Архимедова, зад општината.
По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Македонија
Груевски за Антонијо Милошоски: Пред секој нов лидер го напаѓа претходниот за да се истакне – таков бил и ќе остане

Експремиерот Никола Груевски се огласи со коментар по вчерашната прес-конференција на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој рече дека Ковачевски и Ахмети преговарале амнестија, со цел поделби во партијата и уставни измени.
Груевски по повод обвинувањата од оваа прес-конференција рече дека Милошоски е политичар кој за да се истакне пред новиот лидер, секогаш го напаѓа претходниот.
„За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам. Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато. Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот. Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден. Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“, вели Груевски.
Македонија
Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да се изрази лојалноста кон партијата.
Груевски го обвини актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека сурово, жестоко и неочекувано го нападнале и обвиниле, а од денес, како што вели, е јасно дека водат однапред подготвена кампања против него, дека наводно подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата.
„Тоа го направија во време кога континуирано и без исклучок речиси секојдневно жестоко ја напаѓам власта со сите сили и аргументи, и ги бранам националните позиции со аргументи и со историски факти како ниту еден од раководството на партијата, на чело со Мицковски. И во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови. А националните позиции на Заев добро ни се познати…не сум изненаден Заев да не ме посакува во ист табор со него.
Со оглед дека нивните напади не се вистина, заради што не можат да ги поткрепат ниту со најмал доказ, зборуваат дека некои други луѓе нешто зборувале и планирале, се договарале, се фалеле или слично, но никаде ме нема мене, па така останува дека тие, пред се водени од Мицковски кој се обидува да ги инволвира сите други, свесно, со намера, подолго подготвувано, со план и стратегија, маркетинг кампања и однапред програмирани чекори започнаа не само напад, туку и валкана кампања против мене, токму со цел да ме направат нивни противник и да ни направат штета. Многу долго време сум бил на таа позиција на која е Мицковски сега, за да не сфатам кои му се намерите и мотивите.
Има повеќе можни причини за тоа, тргнувајки од страв заради крајно нечовечкото однесување кон мене на Мицковски и на овие поединци во раководството на партијата во последните 6-7 години, кои дел ги донесов а дел растеа покрај мене во политиката, па до влијанија од надвор, докажувања некаде, скриени агенди, тајни планови за важни прашања, не чесни планови и нечесен однос, нервоза и незадоволство од некои анкети, лични амбиции и длабоки комплекси на поединци итн.
Со оглед дека од денес ми е јасно дека планот е да водат кампања против мене, ќе морам подетално да ги анализирам овие работи.
На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситиација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично.
Ова очигледно е голема игра во која сакаат да ве повлечат сите. Да не речете потоа: па што не ни кажа? Па одкаде ние да знаеме сѐ? Тргнете се од ботовите и платените пропагатори. Имате многу начини да ја изразите лојаноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри. Толку од постот“, напиша Груевски на социјалните мрежи.