Македонија
Петровска од Мадрид: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера,во рамките на самитот на НАТО во Мадрид, учествуваше на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО, на која се дискутира на темата: „Влијанието на хибридните закани во Западен Балкан”.
Петровска во дискусијата со другите министри за одбрана потенцира дека ефективна стратешка комуникација е клучна во борбата против ваквите закани и безбедносни ризици, како и дека надминувањето на ваквите предизвици се еден од приоритетите на НАТО и дел од дискусиите на самитот.
![]()
„Она што нам ни е потребно е зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашите институции преку професионализација на кадрите. Исто така, ни треба образование, кое ќе ги оспособува граѓаните за критичко размислување. Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани за функционирањето на едно општество, кое ќе се базира на доверба, а не на раздор“, истакна Петровска.
Таа се наврати на успехот на политиката на отворени врати на алијансата и нагласи дека потребно е тој да се преслика и со проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, со што ќе се зацврсти безбедноста и ќе овозможи поголем просперитет, а во спротивно отсуството на кредибилната европска перспектива може да има повеќекратни негативни тенденции на овие простори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

