Македонија
Петровска: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме национален парк
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/FotoJet-89.jpg)
Носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата За европска иднина Славјанка Петровска денеска учествуваше во еколошка акција во Гостивар.
Во изјава за медиумите по акцијата Петровска посочи дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.
,,Ние, во изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија.
За само две години, во државата имаме инсталирано 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Донесовме конкретен, реален План за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови.
Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина” порача Петровска.
Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина.
,,Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. За да ги заштитиме нашите реки, планини, шуми во заштитените подрачја, воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. СДСМ и Коалицијата за европска иднина се гарант за заштита на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во сите населени места. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден” порача Петровска.
Кандидатката за пратеник Ема Нешкоска на прес конференцијатакажа дека заштитата на животната средина е уште една причина зошто ни треба побрза интеграција во ЕУ.,
,,СДСМ има јасна визија и цел, европските стандарди и квалитетот на живот да ги донесе дома, во Гостивар и низ цела Македонија. Важно е да продолжиме кон ЕУ, затоа што со влезот во Унијата, покрај останатите придобивки, се доближуваме и до политиките кои гарантираат почист воздух и почиста животна средина” посочи Нешкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.