Македонија
Петрушевски: Дали Маричиќ е вториот министер на Заев кој нема НАТО-сертификат?

Дали Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев кој нема НАТО-сертификат, праша денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој нагласи дека по еден ден и натаму не се јавува министерот во владата на Заев, кој покрај Спасовски нема НАТО-сертификат.
„Дали првиот човек на правда е недоверлив според стандардите на НАТО? Покрај Оливер Спасовски, кој сам призна дека нема НАТО-сертификат, Маричиќ би бил вториот министер во владата на Заев без сертификат, и тој како и Спасовски, води ресор од исклучителна важност за безбедноста на државата“, посочи Петрушевски, кој јавно праша и дали, доколку Маричиќ не е безбеден за НАТО, е безбеден за Македонија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ спомена и неколку случаи од ресорот на Маричиќ.
„Му се случија ШИК Јелак и Еуростандард банка, криминали од 400 милиони евра, разрешница нема. Бојан Маричиќ е министер за правда, а разрешница за аферата ‘Рекет’ нема. Mу се случуваат наместени пресуди како таа за случајот кај ‘Млечен’, па потоа мораше сензационално да соопштува пресуди на апелација, во сред емисија, уште пред да бидат јавно соопштени, само за да се извади пред јавноста и да создаде слика дека и тој влијаел на таквата казна“, кажа Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име, согласно Договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките кои ги предизвикала пандемијата.
„Откако почна пандемијата досега одржавме само еден онлајн конгрес“, вели Заев.
Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.
„Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор“, рече Заев.
Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.
Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.
Македонија
Одложено судењето за организаторите на крвавиот четврток

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, што требаше да се одржи денеска, е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.
„Поради интерес на медиумите и невладините организации што ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 година, а кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед дека е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај селото Ласкарци, каде што постапува ист судија – член на судечкиот совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на судот.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Македонија
422 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.3.2021) на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 422 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер