Контакт

Македонија

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Објавено пред

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година не успеа да ги обезбеди, но новата министерка Весна Јаневска уверува дека ќе ги има за следната учебна година. Нејзиното ветување е исто како и ветувањата што ги даваа нејзините претходници – Јетон Шаќири, кој раководеше со Министерството од јануари 2022 година до јуни 2024 година, Мила Царовска, која беше министерка од јануари 2020 година до јануари 2022 година, и Арбр Адеми, кој беше на чело на Министерството за образование од јуни 2018 година до јануари 2020 година. Сите ветуваа учебници, меѓу другите, и за странски јазици, но учебници за учениците нема.

dobivaj vesti na viber

Наставниците по странски јазици соочени уште на почетокот и на оваа учебна година без учебници велат дека се снаоѓаат за да им го предадат предвидениот материјал на учениците. Не сакаат да зборуваат јавно оти стравуваат за работните места, но се жалат дека некогаш се заглавуваат и цел час во диктирање на лекциите за учениците да имаат од што да учат.

Министерката Јаневска во неколку наврати досега изјави дека учебниците по странски јазици не се одобрени оти не биле квалитетни. „Макфакс“ побара конкретно објаснување од Министерството за образование зошто нема учебници по странски јазици. Кабинетот на министерката вината ја префрли на претходното раководство на Министерството за образование, без да прецизира каков е проблемот во предложените учебници за странски јазици.

„Веќе петта година по ред недостигаат учебници за странски јазици од прво до деветто (англиски од прво до деветто – прв странски јазик; француски, германски и руски од шесто до деветто – втор странски јазик, италијански за шесто – втор странски јазик). Претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза, која сѐ уште трае, односно се чека одговор од второстепена комисија. По нејзиното завршување, ќе биде повторно објавена и спроведена во согласност со законските прописи и целосно транспарентно“, велат од кабинетот на министерката Јаневска за „Макфакс“.

Од таму не одговорија на конкретното прашање дали е можно учебниците да бидат набавени за второто полугодие, но наведоа дека сите учебници по странски јазици ќе бидат обезбедени за следната учебна година.

Ваквото ветување е небулоза за вишиот просветен инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски. Не петта, туку седма година по ред министрите за образование манипулираат со учениците, наставниците и со родителите кога се работи за обезбедување учебници за странските јазици, смета поранешниот инспектор Илиевски.

„Четворица министри даваат исти ветувања, а учебници нема. Образованието е на невидено дно. Повеќе од очигледно е дека министрите манипулираат и шпекулираат оти во прашање се седум, не пет години, како што вели новата министерка. Оправдување за ненабавен учебник може да се случи за еден-два месеца доцнење, но ние зборуваме за седум години. И новата министерка имаше доволно време, ако не за почетокот на учебната година, тогаш за второто полугодие да ги обезбеди и овие учебници, но такви најави нема. Таа од самиот почеток зборува дека ќе ги обезбеди за следната учебна година. Очигледно е дека тендерите беа и останаа проблем во Министерството. Што правеа досега Националната комисија за учебници, Педагошката служба во Министерството, Бирото за развој на образованието и сите досегашни министри што не успеаја да се усогласат за учебниците по странски јазици?“, вели поранешниот инспектор Илиевски за „Макфакс“.

 

Прирачник по странски јазици за наставници и за ученици е решение кога нема учебник, но и таков нема

 

Кога веќе знаеле дека и оваа година ќе нема учебници, Илиевски вели дека можеле да најдат привремено решение, како што досега било пракса со оние учебници што од разни причини не можеле да им бидат на располагање на учениците.

„Министерката итно треба да го задолжи Бирото за развој на образованието да подготви прирачник за странски јазици за учениците и за наставниците, кој би можеле да го користат до второто полугодие од оваа учебна година, време што е доволно за да се обезбедат и учебниците“, рече поранешниот инспектор Илиевски.

Бирото за развој на образованието вината за немањето учебници по странски јазици посочува дека треба да се бара кај Педагошката служба во Министерството за образование, надлежна за спроведување на постапката за набавка на нови учебници.

„Во поглед на прашањето за учебниците, сметаме дека тие се важно дидактичко средство првенствено за учениците како поддршка во процесот на совладувањето странски јазик и дека учениците треба да имаат учебник, но тој не треба да биде единствениот ресурс во наставниот процес. Притоа истакнуваме дека изборот на учебници, па и на оние по странските јазици, е во надлежност на Педагошката служба при Министерството за образование и наука, која во законски утврдена процедура, во согласност со Законот за учебниците за основно и средно образование, ја спроведува целата постапка за набавување учебници“, велат од Бирото за развој на образованието.

Бирото за развој на образованието изработило нови наставни програми за странски јазици во 2021 година. Тие, како што објаснуваат, содржат и јасни стандарди за оценување, како и предлог-активности, кои наставниците може да ги преземат од наставната програма, да ги модифицираат или да предвидат активности по свој избор, како и содржини за дискусија, соодветни на постигнатото јазично ниво. 

„Бирото за развој на образованието како институција што ги изработува и на министерот му ги предлага наставните програми во согласност со своите законски надлежности спроведе обуки за новите наставни програми за странските јазици, со кои ги опфати сите наставници што реализираат настава по странски јазик. Во текот на обуките беа дадени јасни и детаљни насоки како да се изработуваат планирањата на наставата и нејзината реализација, беа понудени примери за планирања од страна на советниците од Бирото, извори за користење дополнителни ресурси потребни при реализација на наставата, особено дигиталните ресурси, од видот на платформи, линкови и слично“, велат од Бирото за развоја на образованието за „Макфакс“.

Од Бирото уверуваат дека советодавната поддршка за наставниците од страна на нивните советници е континуирана. Изминатиов период успеале да направат и контроли за квалитетот на наставата.

„Спроведени се советодавни посети кај наставниците што реализираат настава во согласност со новите наставни програми, со цел да се утврди квалитетот на наставата и притоа е констатирано дека повеќето од наставниот кадар многу успешно ја реализира наставата по странски јазици користејќи дополнителни материјали, дигитални содржини преку паметни уреди и слично“, објаснуваат од Бирото за развој на образованието.

Пензионираниот инспектор Илиевски вели дека од ваквата состојба во јавните училишта ќаруваат приватните училишта за странски јазици оти сите што можат да си дозволат ги запишуваат децата на курсеви по странски јазици.

(Продолжува)

Со овој текст „Макфакс“ се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од британската амбасада.

 

Македонија

Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила

Објавено пред

Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Гази Баба денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач од ф – 2,5 “ на улицата 16 – та Македонска Бригада б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Лазар Поп Трајков, Трифун Хаџи Јанев и Јани Лукровски, општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Времето во наредните денови

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија11 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија13 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија16 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија17 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија17 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија18 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија19 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија20 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија21 час

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа22 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија22 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет22 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија23 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет23 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет23 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет23 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија1 ден

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија1 ден

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...