Македонија
Пет починати и 164 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа починале пет лица од коронавирус, а потврдени се 164 нови случаи.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 59, Свети Николе – 23 и Дебар – 18. Во Куманово има 12, Штип – 17, Прилеп – 1, Тетово – 6, Струга – 6, Битола – 1, Кавадарци – 2, Гостивар – 9, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Кичево – 6, Ресен – 1.
Починати се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 Септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во Оштата болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово починат е пациент на 51 година. Надвор од болнички услови починат е пациент на 77 години.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 42, Штип – 7, Тетово – 1, Струга – 4, Велес – 1, Охрид – 6, Кавадарци – 3, Свети Николе – 2, Ресен – 7, Неготино – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 21 возрасен пациенти позитивни на Ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 35, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 131 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково – 12
• Странец – 7
• Нераспределен – 69
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

