Македонија
Пецаков: Ќе го издржам оркестрираниот и синхронизиран напад од СДС и Левица
„Соработката по однос на координираните напади против мене на Левица и СДСМ на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет! Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Е сега вака, ко ќе ми ја пуштит по езеро Јован златната рипка по што ќе имам три желби, ќе ги искористам на следниов начин:
-желбата бр. 1 ќе ја искористам да посакам просперитет на Охрид и охриѓани и на цела Македонија!!
– желбата бр. 2 ќе ја искористам да му дајт на Димче господ ум и кувет и конечно уличарскиот речник, вадењето на полови мали органи на маса и омаловажувањето на македонскиот народ со таквиот речник да го замени, со достоинствен однос како што доликува на една држава како што е Македонија, но и на еден политичар кој што сака да е некаков фактор во земја која е цивилизациска лулка и земја која фолиранти и мики мауси ко него добро ги препознаваат…!!
– желбата бр. 3 ќе ја искористам да му посакам успешен настап и втора победа на евровизија, после првиот настап и победа која по многу параметри беше историска за одредени целни групи!!
Можам и да рецитирам ко него, ама ќе остам за во некоја друга прилика.
Оркестрираниот и синхронизиран напад врз мене, го разбирам и ќе го издржам.. Македонскиот народ е доволно интелегентен, да процени и за штетниците во самиот политички систем, но и за игрите кои во позадина и се случуваат веќе неколку години на Македонија. Во време кога Македонија ја води најнеспособната влада што некогаш владеела, да се занимаваш со опозицијата (како дел од „опозиција“) и тоа пазите при промена на спикер на Собрание, по повод формирање на техничка влада, говори за намерите и целта на постоењето на одредена партија како што е вашата!!“, пишува Пецаков на својот фејсбук профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

