Контакт

Македонија

(Видео) Здруженија до пратениците: Најдовте начин за амнестирање, ама не и за спречување дискриминација

Објавено пред

Претставници на граѓански организации, здруженија и платформи денеска со протест пред Собранието побараа законот за заштита и спречување дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.

„Законот повеќе од осум месеци е заглавен во Собранието и покрај јавното ветување од СДСМ дека ќе се донесе во најкус рок. На последната седница претседателот на Собранието, без никакво образложение, го тргнал законот од дневен ред. Со ова Собранието уште еднаш потврди дека граѓаните не им се приоритет. Тие најдоа решение за усвојување закони за попречување на правдата, за амнестирање, за привилегии на пратениците, ама за ова не најдоа“, рече Елена Петровска од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Таа рече дека организациите силно ја осудуваат реториката на ВМРО-ДПМНЕ што ја користи од говорницата во Собранието.

„Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме СДСМ и ДУИ да го донесат законот денес и да ги заштитат правата на граѓаните. Партиските игри и личните ставови не смеат да бидат пред правата на граѓаните“, рече Петровска.

„Стојте си на зборот, усвојте го законот“, „Бидете пратеници за сите граѓани“, „Усвојте го законот и почнете со спроведување“, „Шовинисти не може да штитат од дискриминација“, „Амнестија – неветено остварено, недискриминација – ветено неостварено“, се само дел од пораките испратени до пратениците.

Со новиот закон, рече таа, би се надминале постојните недостатоци во претходниот закон во однос на воведување покуси рокови на постапката за заштита од дискриминација, зајакнување на независноста на Комисијата за заштита од дискриминација, а се овозможува и тужба за заштита од јавен интерес, па се овозможува неформални групи да поднесат претставка во име на граѓаните.

Протестот го поддржаа седум мрежи на граѓански организации и 92 здруженија и фондации што ги застапуваат правата на разни групи граѓани што се соочуваат со дискриминација, како здруженија на Роми, жени, луѓе со попреченост, ЛГБТИ, сиромашни и социјално исклучени граѓани, здруженија на разни групи пациенти, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, младински организации, мултикултурни здруженија, здруженија што работат на ЕУ-интеграцијата и се застапуваат за демократизација на општеството во повеќе области.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт5 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет6 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет6 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет6 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет7 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...