Контакт

Македонија

Повторно одложено судењето за „Маѓар телеком“, не дојде да сведочи Гркот Кефалојанис

Објавено пред

Во Кривичниот суд повторно беше одложено судењето за предметот „Маѓар телеком“. Гркот Михалис Кефалојанис не се појави да сведочи во судот. Судијката Ленка Давиткова констатира дека не е постапено по замолницата, која судот преку Министерството за правда ја испратил до грчките власти.

dobivaj vesti na viber

Обвинителката Лиле Стефанова предложи на следното рочиште на 19 ноември да бидат повторно повикани Слободан Богојески и Михалис Кефалојанис како сведоци.

Со писмен поднесок обвинителката Лиле Стефанова ќе го информира судот дали треба да биде прифатен предлогот да биде сослушан експремиерот Владо Бучковски како сведок.

Во предметот, по кој се суди од 2011 година, обвинети се тројца ексдиректори на „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се започнати

Објавено пред

Жители на Карпош 1,2,3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја.

dobivaj vesti na viber

Речиси еден час траел прекинот, а од ЕВН добиле објаснување дека прекинот е поради дефект на 110 киловолтна станица поради кој без струја останал не само Карпош туку и делови од Ѓорче и Сарај.

Официјално известување за дефектот од ЕВН нема. Од петокот има најава за прекин во снабдувањето со струја за денес, но само за корисниците од булеварот „Партизански одреди“ зграда број 165 кај кои ќе има прекин од 9 до 11 часот и корисниците на дел од улица „Дамаска“ кои поради технички зафати во мрежата нема да имаат струја во периодот од 9 до 14 часот.

Прекин на снабдувањето со струја имаше и болницата „8 Септември“, па на пациентите дојдени за амбулантски прегледи лекарите им дале избор да чекаат да дојде струја или да дојат друг ден. Оние кои одбрале да останат, ќе бидат прегледани оти струја по прекин од еден час, веќе има.

На социјалните мрежи корисниците од улиците за кои немаше најава за прекин, барајќи објаснување за тоа што немаат струја стравуваат дека почнале рестрикции поради енергетската криза.

Прикажи повеќе...

Македонија

Првиот ден на Јом Кипур неработен ден за припадниците на еврејската заедница

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр. 21/98 и 18/07), 5 октомври 2022 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честита празникот Јом Кипур.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието. За само пет години платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени за 36 проценти, во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека од 2017 година платата на околу 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници се зголеми за повеќе од една третина. Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 минути

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет42 минути

Си-Ен-Ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија48 минути

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се започнати

Жители на Карпош 1,2,3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а од ЕВН...

Свет2 часа

Бројот на загинати од ураганот Ијан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на повеќе од 80, бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет2 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет3 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа3 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се...

Свет3 часа

Поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет3 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостаток на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода...

Регион12 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ14 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет18 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија19 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија22 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија23 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија1 ден

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет1 ден

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет2 дена

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...