Македонија
Поднесено обвинение за Палчо за грабнувањето и убиството на Вања и Панче
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:
– едно кривично дело убиство од чл. 123 ст. 2 т. 1 и т. 7 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело убиство од чл. 123 ст. 2 т. 1 и т. 4 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл. 123 ст. 3 од Кривичниот законик;
– едно кривично дело грабнување од чл. 141 ст. 2 в.в. со ст. 1 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело грабнување од чл. 141 ст. 1 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик.
Во исто време надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица, кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акта се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејства постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази, велат од Обвинителството.
Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.
На 22.11.2023 година, обвинетиот, заедно со уште тројца претходно обвинети, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.
Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото наречено Рудник во околината на Велес, каде што од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол во калибар од 9 милиметри.
На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.
Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, се додава во соопшгтението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

