Контакт

Македонија

Поднесено обвинение против поранешниот градоначалник на Неготино

Објавено пред

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд во Неготино поднесе обвинителен предлог против поранешниот градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов, со кој го товари за сторено кривично дело„злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството, како што посочија оттаму, утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како тогашен градоначалник на општина Неготино ги пречекорил службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници, да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

„Обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 проценти од износот на основната плата пресметана по час“, велат од обвинителството.

Ексградоначалникот на Неготино го извршил кривичното дело и нанел штета на буџетот на општината, со тоа што потпишал на вработените во Општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа, и тоа по 40 проценти за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од обвинителството.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Објавено пред

Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

Демократскиот сојуз бара Министерството за економија да предложи до Парлаламентот да се одложи примената на овој закон за една година, а во меѓувреме да направи анализа на проблемите со зелените пазари и предложи решенија користејќи ги искуствата од другите држави.

Во оваа насока, тие предлагаат сопствениците на пазарите да имаат обврски за примена на високи хигенско-санитарни стандарди, услови за работа за продавачите, покривање на пазарите, како и јасни критериуми кој може да биде продавач, нивните социјални права и друго.

„Голем број на пазарџии се социјално загрозени, работат во тешки услови, на минус 10 или на четириесет степени и сл. Институциите треба да поведат сметка и за препродавачите, сопствениците на пазарите и сите други кои имаат финансиски интерес, а ги одбегнуваат давачките спрема државата“ велат од Демократкиот сојуз.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Клучниот проект на градоначалникот на Ѓорче е зголемување на неговата плата

Објавено пред

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните, а колку повеќе се расфрла толку помалку е заинтересиран за круцијалните проблеми со кои се соочуваа општината, порача Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Клучниот проект на Наумовски во година и половина раководење со општината е зголемување на сопствената плата за 4.100 денари, пари со кои примателите на социјална помош преживуваат во текот на целиот месец. Сега платата на градоначалникот изнесува 65 илјади денари, со што тој зема плата речиси три пати поголема од просечната во Република Македонија“ вели Стојаноски.

Тој додаде дека додека ѓорчевци се гушат поради енормното загадување, кое пред само некој ден достигна 800 микрограми на метар кубен пм 10 честички, што е за 16 пати над дозволеното, Наумовски ужива во локалните кафеани трошејќи ја платата која сам си ја покачи.

Решение за аерозагадувањето нема, вели Стојановски, иако во предизборната кампања за локалните избори ветуваше експресно надминување на овој најгорлив проблем на граѓаните.

„Наумовски заборави и на своите ветувања за изградба на базен и градинка во општината од кои по година и половина се уште нема ни трага ни глас. Пари нема за овие клучни проекти кои тој им ги вети на граѓаните на општина Ѓорче Петров. Но затоа има 1 милион денари за репрезентација, односно за јадење и пиење, повеќе пари за покачување на сопствената плата и за нови партиски вработувања. Наумовски е срам за општината и време е да си замине“ нагласи Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Објавено пред

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите што ќе бидат преземени поради енормното аерозагадување, кое трет ден по ред го надминува законски дозволениот минимум.

Од денеска се воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето. Понатаму, Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност, а беа повикани и сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.

Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до престанокот на итните мерки.

„Град Скопје ја интензивираше контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Го задолжуваме ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност“, соопшти Салиху.

Град Скопје ги повика градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, а МВР да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот и да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.

„Ова не е битка која што ја водиме само денес. Град Скопје работеше цела година на 25 нови мерки против загадувањето кои ги немаше претходната градска администрација, а кои беа иницијативи на стручната и граѓанската јавност, препораки во студиите за загадувањето. Не можеме сами во оваа битка, потребна е поголема вклученост и на другите институции и на граѓаните“, рече Салиху.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет3 часа

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет4 часа

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет4 часа

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет5 часа

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија5 часа

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија18 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија19 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет21 час

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија23 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ1 ден

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион1 ден

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија1 ден

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија1 ден

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија1 ден

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија1 ден

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет2 дена

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион2 дена

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Досие