Македонија
Пожарот во викендичката на Зечевиќ е изгаснат, нема повредени
Генералниот скеретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, без одговор дали пожарот во неговата викендичка е подметнат или, пак, станува збор за несреќен случај.
„Макфакс“ побара одговори дали во моментот на пожарот тој бил во Леуново, каде што се наоѓа викендичката, на што тој одговори: „Се е во ред, ви благодарам на вниманието“.
„Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М. З. (51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал. Повредени лица нема, интервенирала гостиварската Територијална противпожарна единица“, велат од МВР.
Инаку пожарот се случил утринава, а го гаснеле противпожарни екипи од Гостивар.
Според досегашните информации нема повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Ќе купуваме нов владин авион зошто повеќе болат колената на премиерот отколку животот на граѓаните
Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил реагираше против најавите на Владата за купување на нов владин авион, нагласувајќи ја „катастрофалната состојба во македонското здравство каде луѓето умираат чекајќи термини за преглед“.
„Владата ќе купувала нов авион. Во земја каде се чека со месеци за преглед, затоа што нема медицински персонал и соодветна опрема, ниту пак има буџет за превентивни активности во борбата со карциномот, каде од раната детекција на болеста зависи животот на пациентот.
Ќе сме купувале нов владин авион во држава каде нема термини за пет-скен и магнетна резонанца. Стапката на смртност од рак на дојка во 2010 година била 30 на 100.000 жени – во 2023 година 37,5 на 100.000 жени.
Ќе сме купувале нов владин авион, затоа што повеќе болат коленцата на премиерот отколку смртноста од чекање за термин во руинираното здравство“, напиша пратеничката од редовите на партијата Левица.
Македонија
ДКСК втора институција во државава според транспарентност за минатата година
Во извештајот за транспарентност на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) односно транспаретноста на инситутицијата за минатата 2024 година е оценета на високо второ место.
„Во текот на 2024 година, ДКСК во рамките на институтот „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“, добиени се 40 барања за одговор за информации од јавен карактер од кои 39 се одговорени во рамките на предвидените рокови, а едно е одбиено како незаконско. Тоа што сакаме да го потенцираме е дека сите барања односно одговори се од исклучително комплексен карактер со барани аналитички податоци за кои ДКСК соодветно обезбеди одговори кон засеганатите страни“, велат од ДКСК.
Извештајот за транспарентноста на државните институции беше дел од мониторинг процесот на Агенцијата во рамки на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2023, кој има за цел унапредување на алатките за достапност на информации од јавен карактер.
„Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2024 година ги оцени веб-страниците на државните институции, со фокус на редовното објавување и ажурирање на документите согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, истакнуваат од ДКСК.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Валандово
Во 10:40 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Валандово, извести АМСМ.
Регионалниот пат беше во прекин поради заглавен камион.