Македонија
Пожарот кај селото Фурка сè уште активен
Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с. Фурка меѓу општина Дојран и Богданци сè уште е активен, но со намален интензитет.
Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП-друштвото „Дојран“ со 4 лица и 1 возило, „Комуналец“ од Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, „Комуналното“ од Дојран со 2 возила и 10-ина вработени, Јавното претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) – подружница „Кожув“ – Гевгелија со 2 возила и 10 вработени, ТППЕ Кавадарци со 2 ПП-возила и осуммина пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП-возило и 3 пожарникари, ДЗС Валандово со 1 возило и 5 члена на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе.
Пожарот кај с. Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак кон рибникот „Елита“. Утрово, околу 5 часот, на терен излезени се 40-50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС Валандово, ЈПНШ – подружница „Кожув“, а и граѓани од локалното население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

