Македонија
Пожарот на Галичица се шири кон Стење, се слушаат експлозии
Пожарот на планината Галичица е активен на страната према Ресен и се шири накај селото Стење, Ресен.
Според известувањето на ресенската противпожарна бригада, се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства.
Во текот на денот имлао екипа од 12 лица од (НП Галичица, доброволци), информираа од Центарот за управување со кризи.
Според последните информации нов пожар избил на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на сeлото Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникара и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ Битола. Во 23.00 часот дополнително биле испратени 3 пожарникари со 1 ПП возило во Скочивир, додека во 04.40 часот 2 пожарникара со 1 ПП возило кај Манастирот во с.Сливица. ЈП НШ се повлекле од терен во 18:00 часот и истите ќе бидат ангажирани во раните утрински часови.
Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18.00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на охридската страна, направени се заштитни појаси со машина од ЈП НШ.
Во Општина Македонски Брод, пожарот кај с.Тажево кон с.Брезница е активен. На терен во текот на денот интервенирале ТППЕ Македонски Брод, 40 припадници на Унгарските специјални сили и 25 лица од Специјалните сили на МВР. Се интервенираше и до воздух со 1 хеликоптер и 6 „ер трактори“.
Во Општина Кичево, пожарот штона ден 07.08.2024 година започна кај с.Челопеци се прошири кон с.Бигор Доленци е активен и истиот е на тешко пристапен терен. Во текот на денот интервенирале 3 вработени во ЈП НШ „Лопушник“ Кичево и 50 војници од Армијата. Исто така во попладневните часови интервенираше и воздухоплов на Армијата.
Во Општина Струга од околу 14.10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај с.Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума. Интервенирале со 3 пожарникари и 1 ПП возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а сеуште гори депонијата во с.Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, во 22.49 часот добиена е пријава за пожар. Од страна на РЦУК Скопје известени се БППЗ на град Скопје, ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ од Скопје и лицето за контакт од ЕЛС Сарај. Од страна на комунален инспектор од ЕЛС Сарај добиле информација дека пожарот е во околината над односно зад с.Ласкарце накај с.Паничари и дека таму нема да може да интервенира ТППЕ, туку би требало да се интервенира од воздух. Утрово известуваат дека БППЗ немаат информација дали пожарот е активен, додека од Општина Сарај не можат да ги добијат за комуникација, за да се провери информацијата дали овој пожар е активен
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.