Македонија
Покачување на пензиите, набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви, одлучи Владата
Владата на денешната седница донесе предлог за измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување и одлуки за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви.
Го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите.
Дополнително, Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.
Одлука за набавка на 9000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв.
Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.
Одлука за набавка на 2400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв.
Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони.
„Како Влада го штитиме домашното производство.
Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кој очекуваме просекот да биде многу поголем од предходни години.
Согласно евиденцијата на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ќе се изврши на 70 000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство“, соопштија владините служби.
Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

