Македонија
(Видео) Покренато обвинение против 30 лица за крвавиот четврток
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година. Обвинителството до судот поднесе обвинителен акт против 30 лица од вкупно 35 осомничени. Од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело. За четири лица постапката е прекината со оглед на тоа што не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така, за едно лице, односно за пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок со насилство и создале чувство на несигурност и страв. „Опсежната истрага утврди дека обвинетите дејствувале со иста цел извршувајќи усогласени дејствија“, рече тој. Според обвинението, обвинетите го загрозиле животот на пратениците, новинарите и на вработените кои во тој момент биле во законодавниот дом.
Според обвинението, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ ги повикале насобраните граѓани од пред Собранието и со потпалувачки говори ја поттикнале нетрпеливоста кај нив. Исто така, еден од обвинетите пратеници остварил телефонски контакт со друго сега обвинето лице кое чекало пред вратата со што, според обвинението, се утврдува телефонска координација. Исто така, петтемина обвинети пратеници заедно со други обвинети од обезбедувањето на Собранието отвориле две влезни врати и со тоа овозможиле влез на толпата и на лицата со фантомки кои биле пред Собранието. Исто така, обвинетите лица од обезбедувњето ја насочувале толпата каде да се движи.
Истовремено е поднесен предлог до Судот за продолжување на мерките притвор и куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата 164 бр.117, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Шипковица – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.