Контакт

Македонија

Попладнево времето нестабилно со услови за дожд и грмежи

Објавено пред

Вардар, Скопје, МТВ

Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, во планинските подрачја во северните делови со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. По должианата на Повардарието дува умерен до засилен северен ветер.

Променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а по должината на Повардарието засилен северен ветер, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува в среда.

Македонија

(Видео) Спасовски – Секуловиќ: Преку зајакнато регионално поврзување до побрзо членство во ЕУ

Објавено пред

Република Северна Македонија и Црна Гора, како земји-партнери од Западен Балкан, во наредниот период ќе работат на продлабочување на меѓународната соработка, како клучен предуслов за успешно справување со транснационалниот криминал и илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво, на тој начин потврдувајќи ја својата посветеност кон европската перспектива, како цврста стратешка определба, беше соопштено денеска по состанокот на министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сергеј Секуловиќ, за време на официјалната посета на делегација од црногорското Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, чиј домаќин е министерот Спасовски.

Министерот Спасовски ја истакна важноста на заложбите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за унапредување на меѓународната соработка, со посебен акцент на регионалната соработка како приоритет на патот кон евроинтеграциите, со посебен фокус на размената на добри практики од терен за предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и Европската Унија, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал.

„ Придонесувајќи кон регионалната безбедност, заеднички придонесуваме кон стабилност и на Европската Унија, што се пресликува и на глобално ниво. Соработката меѓу министерствата за внатрешни работа на Република Северна Македонија и на Црна Гора е плодна и отворена што, секако, е резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји“, рече Спасовски.

Според Спасовски, сите овие теми се високо на агендата како на ЕУ, така и на агендите на земјите кандидати за членство.

„ Токму во овој контекст, а со оглед дека за Поглавјето 24, одговорноста и надлежноста му припаѓа на Министерството за внатрешни работи, разговаравме и за европските, но истовремено и наши национални и регионални приоритети – борбата против организираниот криминал и тероризмот и справувањето со сите миграциски предизвици. Заедно со г-динот Секуловиќ констатиравме дека е неопходно интензивирање на соработката, притоа нотирајќи некои конкретни практични активности што треба да се преземат. Почнувајќи од соработка во изработката на Акциски планови за Поглавјето 24, со јасно дефинирање на целите за секоја од областите во Поглавјето, како и редовно одржување на состаноци на ниво на работни групи по однос на ова поглавје меѓу двете држави“, посочи министерот Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Секуловиќ, ја истакна одлучноста на Владата на Црна Гора да ги поддржи напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции.

„ Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите капацитети на колегите од Северна Македонија во делот на спроведување на обврските во рамки на поглавјата 23 и 24 и уверен сум дека стручните знаења и искуства во текот на преговарачкиот процес ќе бидат од значење и дека низ овој вид на соработка дополнително ќе ја унапредиме размената на информации помеѓу институциите задолжени за спроведување на законите“, истакна министерот Секуловиќ.

Како што посочи црногорскиот министер, здравствената криза дополнително ја зајакна свеста за важноста на посилно регионално поврзување, но и потребата за воспоставување на подобро заедничко делување помеѓу регионалните иницијативи и Европската Унија.

„ Нашите пријателски земји ги поврзува заедничка историја и имаме обврска меѓусебните врски да ги одржиме и зацврстиме“, нагласи Секуловиќ, изразувајќи ја својата увереност дека Црна Гора и Северна Македонија во наредниот период ќе дадат свој полн придонес за конкретизација на современите демократски принципи.

Двајцата министри за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Црна Гора, Спасовски и Секуловиќ се согласија дека транснационалниот организиран криминал станува сѐ покомплексен и налага продлабочување на регионалната и меѓународната соработка, а акцентот ќе биде на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи, со што двете земји ја искажуваат подготвеноста за создавање услови за поволен политички и безбедносен амбиент во напредокот во европските интеграции.

Министрите изразија обострано уверување дека пред ресорсите за внатрешни работи, како и пред двете држави претстои период на уште поинтензивна соработка, во која двете партнерски земји, како членки на НАТО, можат да сметаат на взаемна поддршка во исполнувањето на европската агенда на патот кон остварување на евроинтеграциите.

Прикажи повеќе...

Македонија

На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 650 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп – 43, во ковид-центарот во Гостивар – 16, а во Струга – 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани – 9, во Кичево – 12, Кавадарци – 23, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид-центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции, кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое Македонија ја оддалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за деблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

„Премногу долго државата е заробена во недостиг на реформи, калкулирања и тапкање во место, што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската Влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смее да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната Влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да им подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие разговарале и за економската и за здравствената состојба, како и за предизвиците што произлегуваат од пандемијата на Ковид-19.

„Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостига конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекува од Владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал, Македонија е меѓу земјите со најголем број починати во споредба со бројот на жители поради пандемијата на Ковид-19. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија, и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со кој било свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити поврзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во деблокирање на пристапиот процес. Државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјата кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет1 час

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија2 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ3 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија4 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија4 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа4 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет5 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион5 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет6 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет6 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет6 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет17 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ17 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет18 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет19 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион20 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија23 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија24 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија1 ден

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Досие