Македонија
Попова: Шилегов во 2018 година вети дека „Златно славејче“ ќе слави јубилеј во Универзалната сала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/Univerzalna-1.jpg)
Петре Шилегов и СДСМ ги излажаа скопјани, но и сите кои на кој било начин се поврзани со Универзална сала, изјави на прес-конференција Ирена Попова, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред изборите во 2017 година ветуваа дека ќе ја реновираат Универзална сала, во 2018 година Шилегов дури излезе со ветување до ‘златните славејчиња’ дека за 2 години истата ќе ја реновира, а тие ќе го прослават својот 50-годишен јубилеј во реновирана сала. И излажа“, рече таа.
Додаде дека Шилегов три дена молчи, дали ја руши Универзална сала и на тоа место сака да направи парк, за само да ја исполни квотата за зеленило кое треба да го има во градската четврт 3 11 за да може во кругот на поранешната фабрика „Треска“ да никнат над 50 згради.
„Дали Шилегов е дел од бизнисот од кој само профитот би изнесувал до 50 милиони евра?! Дали ова е причината тој да си го погази своето предизборно ветување за Универзална сала – симбол на скопјани и споменот на многу скопјани да завршат како урнатина?! Зошто господине Шилегов ги излажавте скопјани и зошто свесно си игравте со нивните чувства и спомени само за да дојдете на власт, а откако седнавте во градоначалничката фотелја ништо суштинско не направивте? А Универзална скапува како руина, затоа што три години ништо не направите. Го тргнавте настрана планот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина реконструкција, а никој не знае каде завршија 30 милиони денари кои ги добивте од владата за нејзина реконструкција минатата година“, додаде Попова.
Нагласи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ останеле на власт на локално ниво во град Скопје, Универзална сала досега ќе биле реновирана и во таа насока го приложи идејното решение за Универзална сала, кое тврди дека сега би било реалност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.