Контакт

Македонија

Попоски на средба со Дебоут: Македонија да стане членка на ИХРА

Објавено пред

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), амбасадорот Јан Дебоут.

На средбата соговорниците разговараа за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се спроведуваат во Република Македонија, на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот.

Министерот Попоски изрази задоволство од испраќањето на висока делегација на ИХРА за прв пат во Република Македонија, по повод 11-ти Март „Денот на депортација на Евреите од Македонија“, во чиj пресрет ќе се одржат комеморативни настани во Скопје и Битола.

За време на средбата беа искажани и заложбите од нашата држава и ИХРА во светло на можно станување на полноправна членка на Република Македонија во оваа Алијанса.

ИХРА е меѓувладино тело кое служи како платформа каде што претставници на Владите на нејзините земји-членки, како и национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот во светот.

Во ИХРА членуваат 31 држава, а застапени се и 11 држави со статус на набљудувачи, меѓу кои и Република Македонија./крај/со/бб

Најново

Спорт15 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет47 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава53 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа59 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...