Македонија
Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација
Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е заразен од коронавирусот.
Директорката на Инспекторатот, Иринка Сотирова-Бухова, соопшти дека епидемиолошката анкета на министерот покажала дека само кај едно лице има ризик од зараза.
„По спроведената епидемиолошка анкета, утвредено е дека само за едно лице постои среден, односно висок степен на загрозеност. Издадено е едно решение по основ на контакти“, рече директорката.
Министерот Спасовски во понеделникот извести дека е позитивен на Ковид-19 и покрај тоа што ги почитувал мерките за заштита од вирусот. Тој изминатиот викенд учествуваше на дигиталниот конгрес на СДСМ, кој, според партијата, се одржал во голема просторија со помалку од триесет отсто исполнетост на капацитетот.
Вчера, пак, за позитивен наод на Ковид-19 извести и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Директорката Сотирова-Бухова рече дека изминатите шест дена се издадени 6.715 решенија за изолација на лица позитивни на коронавирусот или лица што биле во контакт со позитивен на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

