Македонија
Поради натпревар во автомобилизам викендов прекин во сообраќајот на патниот правец кон Пониква

На ден 03.09.2022 и 04.09.2022 поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки, сообраќајот на патниот правец од Кочани, поточно с. Бејли кон Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од:
03.09.2022 Сабота – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на тренинзите до нивно завршување.
04.09.2022 Недела – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на натпреварот се до негово завршување.
АМСМ известува дека во деновите понеделник 05.09.2022, вторник 06.09.2022 и среда 07.09.2022 година, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патен правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Денеска е сабота, 9 декември 2023 година, 343-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:49, а ќе зајде во 16:03 часот. Денот ќе трае 554 минути.
Според информациите на УХМР, наутро ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје наутро студено со ниска облачност, а потоа сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, велат од УХМР.
Македонија
Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.
„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните“, рече Џафери.
Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на ДУИ, Џафери да биде премиер 100 дена пред избори.
„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.