Македонија
Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати.
Велат дека протестираат секој вторник и петок, дури не им се исполнат барањата. Немаат информација дали некој ќе ги прими на разговор.
Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон” АД Охис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре претежно облачно време со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во вторник сѐ уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.
Македонија
Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите од петтиот пакет економски мерки

Претседателот, Стево Пендаровски, ги потпиша указите за прогласување на законите од т.н. петти пакет економски мерки што денеска беа усвоени во Собрание.
„На македонската јавност ѝ е добро позната заложбата на претседателот Пендаровски да ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните и тоа се однесува и на т.н. петти пакет на економски мерки со кој помош треба да добијат 60.000 наши граѓани и стопански субјекти, најтешко погодени за време на пандемијата. Затоа, денес претседателот Пендаровски без никаква дилема ги потпишa Указите за прогласување на законите со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
Во однос на уставноста и законитоста во работењето на Собранието, се додава во соопштението, претседателот на државата нема надлежност истата да ја преиспитува, за неа е одговорен претседателот на Собранието, а по усвојувањето на законите и Уставниот суд.
Пендаровски апелира до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да не најавуваат апсења и затворски казни за своите политички противници, затоа што тоа е во исклучива надлежност на правосудните органи.
„Најавата за поднесување на кривични пријави за претпоставени незаконити дејствија е легитимна, меѓутоа, најавите и гаранциите за апсења кога доаѓаат од страна на политичарите асоцираат на едно друго време кога единствената партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија“, се наведува во соопштението.
Македонија
Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието.
„Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април! Кога законите и правилата не важат за власта. Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има. Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат кривична пријава во врска со заболените пратеници кои се појавија во Собрание.
„Одговорност мора да има за сите – од лицата кои ги пропуштиле да влезат во Собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш