Македонија
Оставката на поротникот од „Тортура“ поднесена поради семејни причини
Поротникот кој поднесе оставка во предметот „Тортура“ на СЈО, се откажал од ангжманот поради семејни причини, велат од судот за „Макфакс“.
„Еден од судиите – поротници кој е дел од судечкиот совет кој постапува по конкретниот предмет за кој прашувате го извести судот дека се откажува од функцијата судија – поротник поради семејни причини, заради што Судскиот совет на РСМ има донесено одлука за престанок на функцијата по сопствено барање. Со цел ефикасно водење на постапката веднаш е назначен нов судија – поротник, а во однос на Законската обврска на изменетиот судечки совет предметот да почне отпочеток, станува збор за формални дејствија кои може да се завршат во едно рочиште како не би имало дополнително одолговлекување на предметот и доследно почитување на начелото за судење во разумен рок“, одговорија од судот.
Во одговорот се посочува дека судот не може да им наложи на поротниците до кога да ја извршуваат функцијата.
„Судот нема никакви овластувања на било каков начин да им наложи на судиите – поротници да ја извршуваат функцијата спротивно на нивната воља, но мора да се има предвид дека тие се претставници на граѓаните во судските проциси и се гаранција за владеењето на правото и почитување на зконите“.
Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки, и уште петмина „алфи“. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

