Македонија
Посебен режим на сообраќај поради натпреварот „Триоги триатлон“ во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, денеска, од 9 до 12 часот, поради натпреварот „Триоги триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во Скопје.
Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од булеварот Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Љубљанска и обратно.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува на околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспоосбена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Прекин со водоснабдување во скопската населба Пржино

Поради изведување одредени зафати, денеска во дел од денот прекин со водоснабдувањето ќе има во делови од скопската населба Пржино.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување од стара на нова мрежа на улицата Церска раскрсница со Христо Узунов во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Церска и дел од Христо Узунов, и тоа од 8.30 часот до санирање на дефектот.