Контакт

Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на делегацијата на СПЦ

Објавено пред

Поради официјална посета на делегација на Српската православна црква, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје, при што за сообраќај ќе бидат затворени булеварот Партизански одреди од крстосницата со улицата Аминта Трети до крстосницата со булеварот ВМРО и улицата Св. Климент Охридски од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски во Скопје.

dobivaj vesti na viber

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Македонија

Мицкоски: Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски рече: „Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност, е истиот што веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите барања во делот на историјата, јазикот, идентитетот“. Според него, прифаќањето на предлогот значи менување учебници и пишување како што тие сметаат, прифаќање дека Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

dobivaj vesti na viber

„Она што го слушате од Ковачевски не е битка за идните генерации, туку срам, пораз и капитулација за сите идни генерации бидејќи некој како Ковачевски и Маричиќ се охрабриле да го погазат македонскиот идентитет за кој жртви паѓале, животи се губеле, за кого мајка од дете се делела. За кого мајка од ќерка се делела. Ете тоа нè убедуваше Ковачевски. Тоа не е визија, туку срам и предавство. Тоа е она за што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и ќе се бори со сè што располага, да го објасни пред граѓаните. Ваков ултиматум за Македонија е неблагодарен. Сакам да се знае дека сега е моментот кога треба да се биде јасен и гласен, да се заземе вистинска страна. Владата прави огромна штета бидејќи одобрувањето ваква преговарачка рамка значи: или во ЕУ како асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам на тоа“, посочи Мицкоски.

Тој е дециден дека Димитар Ковачевски лаже дека францускиот предлог е успех.

„Повикувам на сенароден протест. Заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нека ни се придружи утре, во 19 часот, пред Владата. Јас таму ќе бидам како ваш сограѓанин, како човек со име и презиме. Го повикувам целиот народ да се приклучи и да застане со нас рамо до рамо. Да го спасиме процеост на преговори, овој преседан ќе им се прави на сите земји во регионот. Членството за ЕУ ќе стане цел што нема да ја достигнеме. Цел што за сите нас ќе биде недостижна. Само аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен ако нема задни намери. Повикувам на висока свесност за тешки удари што оваа Влада ѝ ги прави на Македонија. Или сега ќе кажеме гласно ‘не’ или ќе немаме право да бидеме гласни“, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров за францускиот предлог: Новото пакување е истиот непоправлив дебакл

Објавено пред

Ексминистерот за надворешни работи и вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров, за францускиот предлог вели дека новото пакување е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој можеби ќе ги отвориме преговорите со ЕУ ако го смениме Уставот, ама никогаш нема да ги завршиме.

dobivaj vesti na viber

„Дури ни во пакувањето на ‘измените’ не се потрудиле многу. Прво, ако во претходното пакување преговорите требаше да се отворат по измените на Уставот, сега отворањето ќе почне веднаш, штом се потпише протоколот, ама условено оти пишува дека преговорите ќе се доотворат по внесувањето на Бугарите во Уставот. Значи, нашиот почеток е на две рати. Две рати само за да почнеме. А вистински почеток секако нема додека не се направат уставните измени бидејќи преговарачката рамка ќе се презентира дури тогаш. Втората ‘измена’, пак, е целосна измама. Ако во претходното пакување историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците итн. ќе се внесуваа во пристапниот процес преку ‘билатералните протоколи’ по член 12 од договорот за пријателство, сега историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците итн. ќе се внесуваат преку ‘годишните прегледи и ефективните мерки за имплементација по член 12 од договорот’. Се работи за апсолутно истите документи, само називот е сменет – сега не се протоколи, туку прегледи и мерки, но црно на бело стои член 12, со што нема дилема на што се однесува. Тоа е членот каде што се вели дека македонско-бугарската меѓувладина комисија еднаш годишно ќе се состанува, ќе врши преглед на направеното и на примена на меркте донесувајќи документ што досега го викавме протокол“, посочува Димитров.

Според него, станува збор за, како што вели, срамен обид и од дома, ама и од ЕУ, да им се замачкаат очите на македонските граѓани нарекувајќи ги со друг назив истите обврски што мораме да ги преземеме и што сега стануваат обврски спрема ЕУ и за што ќе известува Европската комисија.

„Ама замислете, дури и ова не било доволно, па вториот протокол, овој што треба да го потпишат денес, утре или задутре Османи и Генчовска, што го содржи договорот по точките 4+1, тој си останува и со истиот назив – протокол. Овде не сме успеале ни називот да го смениме. И прегледот и мерките наведени во овој протокол, заедно со историските прашања, ќе бидат апсолутно дел од пристапниот процес. Значи, да нема никаква дилема, бугарските барања за историјата и за многу други теми целосно си остануваат во рамката и стануваат европски барања, како што си беа и во претходното пакување. Нашиот пат кон ЕУ ќе зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од нашето исполнување на нивните желби. И токму затоа одговорно тврдам дека овој пат е слепа улица, што никогаш нема да нè донесе до посакуваното членство. Тоа е пат кон вечна агонија и измачување. Преседан што ќе го осетат на своја кожа и други земји кандидати по нас. Во врска со македонскиот јазик, и во ова пакување како и во претходното ЕУ ќе констатира дека Бугарија ќе си достави (или сега си доставила) своја позиција за нашиот јазик. Софија преамбулата ќе ја чита со Бугарите и сите други, но ќе го прескокнува делот со македонскиот народ. Ценети сограѓани, драги пријатели! Ценам дека деновиве живееме едни од најцрните денови во македонската историја по независноста“, додава Димитров.

И додека Софија си ги бетонира бугарските услови преку Собранието, додава ексминистерот. „Ние се препелкавме во калта со владини лаги цртајќи си се себеси како голема цел за европски притисок да попуштиме и да го прифатиме тоа што за сите земји членки, освен за Бугарија, беше неприфатливо – целосна билатерализација на пристапниот процес измешан со агресија врз македонскиот идентитет и наметнување на бугарскиот наратив за историјата. Владиниот тим не добил никакви подобрувања на предлогот, туку малку помош во обидот да си ги измами сопствениот народ и граѓанството. И од вчера тоа сесрдно го прави. Лага е дека историските прашања не се во рамката. Новото пакување, внимавајте, е изготвено на 23 јуни, ден пред усвојувањето на предлогот во бугарското собрание. Дали „нашите“ го добиле навистина вчера како што рекоа или, пак, си го чувале за јуриш во пет до дванаесет е прашање што може овој историски срам само да го зголеми. Впрочем, Генчовска беше единствената што вчера ја кажа вистината – нема нов предлог. Таа не можеше да издржи ни три часа со тезата дека „нема историја во рамката“. Како тоа и би било можно кога во Бугарија нема услови за нова одлука на Собранието. Вистината денес ја кажа и француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин: „Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент“. На Владата ѝ се брза за да не му текне на народот“, додава Димитров.

Тој посочува и: „На Владата што за вакво историски важно прашање го лаже сопствениот народ гледам како на туѓа влада. „Затоа. апелот на премиерот да им се верува на ‘официјалните информации од институциите’, всушност, порачува да им веруваме на лагите. Ние нема да кренеме раце од стратешкиот интерес за членство во ЕУ. Но, патот што води кон членство не е оваа слепа улица што ни се нуди. Заслужуваме европски пат поплочен со реформи. Почитувани сограѓани, на Владата, што за вакво историски важно прашање го лаже сопствениот народ, гледам како на туѓа влада. Не знам дали сум повеќе згрозен од предлогот што нè носи во бескрајно измачување во рацете на Бугарија или од овој обид за измама од епски размери. Сме имале ние многу грешки во минатото. Ама ваков кукавичлук и бегање од соочување и искрен приод кон граѓанството за вака суштинско прашање не паметам. Оваа Влада мора да сноси политичка одговорност за овој срам. Оваа Влада, почитувани сограѓани, ако веднаш категорично и конечно не го одбие предлогот што веќе двапати го одби и не се извини длабоко за лагата, треба веднаш да падне! П.С. Фотографиите подолу се од оригиналниот предлог. Владата објави пречистен текст без датумот. Меѓу другото, можеби за толку очигледната „измена“ да биде помалку очигледна. Датумот, пак, ќе бара дополнително објаснување. Дури и да е заборавен и останат од некоја друга верзија, тоа речиси ништо не менува“, заклучува тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 193 новозаразени од коронавирус, пријавени се две починати лица

Објавено пред

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 894 теста, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.

Регистрирани сe 97 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица: од Скопје (85) и Берово (76), починати на 13.6.2022 и 20.6.2022, едното лице е починато во болнички, а другото во домашни услови.

Направени се 894 теста преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–64, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-19, Биотек-22, Систина-19 лабораторија Лаор-8, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-3, Никоб лаб-44, ВФВ медикал-3, Ели медика плус-2, Ројал медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест)– вкупно 412.

Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      148.362, Активни   514
Куманово    16.762, Активни    40
Битола      15.821, Активни    61
Прилеп      14.268, Активни    33
Тетово      13.528, Активни    27
Кавадарци   10.754, Активни    36
Велес 9.840, Активни     28
Гостивар    9.631, Активни     14
Охрид 9.012, Активни     42
Штип  8.115, Активни     18
Струмица    8.105, Активни     13
Кичево      5.670, Активни     12
Кочани      5.120, Активни     13
Струга      4.740, Активни     5
Гевгелија   4.428, Активни     2
Неготино    3.712, Активни     9
Ресен 2.760, Активни     5
Свети Николе      2.641, Активни     1
Радовиш     2.537, Активни     6
Крива Паланка     2.421, Активни     2
Делчево     1.989, Активни     3
Берово      1.693, Активни     1
Дебар 1.682, Активни     1
Валандово   1.488, Активни     0
Виница      1.398, Активни     2
Пробиштип   1.270, Активни     2
Богданци    1.025, Активни     2
Кратово     969, Активни      0
Крушево     933, Активни      2
Демир Хисар 837, Активни      1
Македонски Брод   743, Активни      0
Демир Капија      594, Активни      0
Македонска Каменица     525, Активни      0
Пехчево     486, Активни      0
Дојран      352, Активни      0

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Мицкоски: Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски рече: „Предлогот што е на...

Економија1 час

Дизелот се намалува два и пол денар, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 час

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, соопштија владините...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски: Модифицираниот предлог е добра основа за разговори

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со партнерите од владината коалиција, рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори. „Во...

Економија4 часа

(Интервју) Дарко Димовски: Да кажеме стоп на партиските вработувања, има анархија во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на Комисијата за финансирање и...

Регион6 часа

Криптокралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: украла повеќе од 4 милијарди долари

Бугарката Руја Игнатова, позната и како криптокралица, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја...

Свет7 часа

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: најмалку 17 загинати и 30 повредени

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при...

Европа7 часа

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го почнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда...

Македонија7 часа

Ковачевски најави лидерска средба по што на веб-страницата ќе биде објавен францускиот предлог

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб-страница по средбата со владината коалиција,...

Економија8 часа

Од денес повисока цена на струјата

Од денеска поскапува струјата. Почнува пресметката на блок-тарифите, кои се поделени во четири групи, и според најавите од Регулаторната комисија...

Македонија8 часа

Од денеска почнува привремениот режим на сообраќај за тешките товарни возила

Почна со примена привремениот режим на сообраќај во летниот период од 1 јули до 31 август на државните патишта во...

Македонија19 часа

Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата. „Барам веднаш без...

Македонија19 часа

Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите...

Македонија22 часа

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог што француското претседателство го сподели со Владата

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог...

Македонија22 часа

Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија...

Македонија23 часа

Петковски до Ковачевски – Тесно ви е мнозинството

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ваквата реакција...

Македонија24 часа

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог....

Македонија1 ден

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме „да“

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави изнаоѓањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на „Твитер“...

Македонија1 ден

Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува оти е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство на Македонија во...

Економија1 ден

Ковачевски: Ако ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто

Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 %, изјави денеска генералниот...