Македонија
Потврдени 977 нови случаи на коронавирус, починаа 31 лице
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 977 нови случаи на коронавирус, а починаа 31 лице. Оздравени се 843 заболени, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.930 тестирања, а најголем број случаи се потврдени во Скопје-503, Битола-67, Куманово-55, Прилеп-45 и Тетово и Охрид по 40.
Во другите градови состојбата со нови случаи е следна: Дебар-1, Штип-14, Струга-32, Велес-29, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-279, Куманово-43, Дебар-6, Штип-42, Прилеп-32, Тетово-79, Велес-35, Битола-65, Охрид-1, Кавадарци-15, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-25, Пробиштип-13, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-5, Кратово-10, Свети Николе-3, Кичево-36, Ресен-10, Неготино-11.
Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64), двајца од Куманово (76 и 67), еден од Дебар (71), двајца од Штип (62 и 67), двајца од Прилеп (78 и 78), двајца од Тетово (72 и 76), двајца од Велес (78 и 78), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67), три од Охрид (65, 78 и 78), еден пациент од Кавадарци (72), еден од Гевгелија (56), тројца од Кичево (47, 68 и 53) и еден пациент од Неготино (74).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48.613, бројката на оздравени пациенти е 28.646, на починати е 1.376, а бројот на активни случаи изнесува 18.591.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 21.347, активни 8.826
• Куманово 3.158, активни 902
• Дебар 419, активни 96
• Штип 2.213, активни 479
• Прилеп 2.226, активни 891
• Тетово 3.222, активни 992
• Струга 1.129, активни 321
• Велес 1.498, активни 754
• Битола 1.447, активни 728
• Охрид 1.197, активни 522
• Кавадарци 910, активни 403
• Гостивар 1.810, активни 578
• Гевгелија 583, активни 216 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 107 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.390, активни 609
• Крива Паланка 345, активни 110
• Радовиш 350, активни 122
• Крушево 74, активни 43
• Кочани 1.034, активни 298
• Пробиштип 297, активни 84
• Демир Хисар 152, активни 67
• Македонски Брод 131, активни 26
• Пехчево 87, активни 26
• Берово 286, активни 72
• Валандово 143, активни 45
• Виница 292, активни 138
• Делчево 357, активни 172 (90 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 128, активни 72
• Свети Николе 676, активни 205
• Кичево 983, активни 420
• Ресен 352, активни 128
• Неготино 377, активни 246 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 547
• Гази Баба – 1.260
• Аеродром -1.319
• Карпош – 1.128
• Центар – 1.097
• Кисела Вода – 1.077
• Ѓорче Петров – 725
• Бутел – 471
• Шуто Оризари – 150
• Студеничани – 40
• Сарај – 120
• Арачиново – 29
• Илинден – 219
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 100
• Петровец – 97
• Зелениково -55
• Странец – 150
• Нераспределен – 179
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.
-Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.
-Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност, наведуваат од Агенцијата.
Додаваат дека во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Македонија
Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Македонија
Побегна еден од осудените за автобуската несреќа со 16 жртви кај Ласкарци
Судот и полицијата уште трагаат по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени. Мифтари требало да оди во затвор уште во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
Од СВР Тетово велат дека пред четири дена ја добиле наредбата, но гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации и во тек се активности за негово откривање. Претходно, за Мифтари била изготвена покана да се јави на издржување на казната во затворот во Идризово, но откако не се јавил во наведениот рок, затворот го известил надлежниот гостиварски суд, по што е покрената постапка за присилно приведување.
Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.
Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, и сопственикот на фирмата, Дурмиш Белули, се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.
Возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, а тројца вработени во техничкиот сервис на „Дурмо турс“ добија една петгодишна и две седумгодишни затворски казни.

