Контакт

Македонија

(Видео) „Поткуп“ е срам за Јавното обвинителство, рече Заев по завршните зборови во судот

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев по завршните зборови во предметот „Поткуп“, рече дека каква и да е одлуката на судот в понеделник, ќе ја почитува. „Тоа што се случувало е срам е за Јавното обвинителство во тоа време“, рече Заев за органот на прогон кој го гони за ветување за примање поткуп. Тој на прашање на „Макфакс“ потврди дека поднеле кривична пријава против обвинителот Владимир Милошевски, за кого во постапката бараа изземање.


Тој рече дека му е драго што јавноста будно го следела процесот. „Очекувам правда“, рече премиерот по рочиштето. Заев рече дека се потврдило дека со преквалификацијата на обвинението, отпаднале и посебните истражни мерки, со кои тој бил следен од полцијата. Изрекувањето на пресудата е закажано за в понеделник, 21 мај, напладне.

Македонија

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Објавено пред

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“, а на прашање на обвинителката Гордана Смаќоска за патните исправи, тој се сети дека на сугестија на шефицата Јанева дал позитивно мислење да му биде вратен пасошот на Томе Главчев, кој дал гаранција од милион евра во машини за шиење кошули.

Тој пред судот изјави дека се посомневал во олеснителните предлози на неговата тогашна шефица кога обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова му рекла дека дознала дека еден од становите кој бил замрзнат како имот во постапката, треба да го земе поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски.

„Во истрагата не ми се мешаше Катица Јанева. Но, по начелното правно мислење од Врховниот суд настана хаос. Тоа предизвика удар врз предметите на СЈО, меѓу кои беше и „Поштенска банка“. На состанок кај Катица Јанева, таа предложи да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата. Ова мене ме збуни. Во април 2019 година на колегиум Катица Јанева го повтори својот предлог, со наредба штета да се пресмета во „Поштенска“ и во „Империја“, без предлози за затворски казни. Ни го кажа тоа и го заврши состанокот”, рече Рустеми пред судот.

Тој, како што рече, не ја послушал Јанева и предложил ублажени затворски казни за предметот, адекватни на признание на вина со спогодба.

За случајот „Поштенска банка“ замрзнати беа имотите на двајца осомничени, Главчев и Димитровски.

За случајот „Рекет“ треба да сведочат и апелационата судијка Мери Дика – Георгиевска, водителката Лила Филиповска и шефицата на кабинетот на Јанева, Сања Димовска.

Судењето продолжува утре.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

Објавено пред

Соодветно со препораките на централната и градската власт, Општина Аеродром ги активира интервентните мерки поради загадувањето.

Тоа значи дека Општина Аеродром ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност, ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини, се намалува до 50 % употребата на службените возила, продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски и се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни.

Овие мерки се воведоа веднаш по известувањето од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Објавено пред

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје, јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2020 до 24.01.2020 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (‘Службен весник’ на РМ, бр.183/18)“ се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ44 минути

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура52 минути

Тимот на „Медена земја“ на настан пред Оскарите во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот Долби во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет2 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет3 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет3 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет3 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија17 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ19 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија19 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија21 час

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија22 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија22 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија23 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија23 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија23 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет23 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 ден

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет1 ден

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Досие