Македонија
Потпишување декларација за безбедност на децата во сообраќајот

По повод 60 години од постоењето на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП), на 12 мај во Скопје се одржа стручен собир со мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“.
Во рамките на оваа манифестација потпишана е декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
Потписници на декларацијата, со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се официјалните лица: министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Со свои презентации се појавија и гости од регионот: Милија Радовиќ, АБСРС – Република Српска, Дијана Русинова, ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ , ХАК – Република Хрватска, како и Снежана Ристеска од АСУЦ, Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија без напојување ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Ласкарци (општина Сарај);
– во период од 08:30 до 15:00 часот дел од ул. Антон Попов, ул. Фрушкогорска, дел од ул. Христифор Жефаровиќ (општина Гази Баба);
– во период од 09:00 до 13:00 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани;
– во период од 09:00 до 14:00 часот дел од ул.23 и дел од ул. Христо Татарчев во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град (општина Кисела Вода и Сопиште).
Македонија
Топло време со дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.
Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
(Видео) Муцунски: Владата води попустлива политика во преговорите со Бугарија

Имајќи предвид дека владата води попустлива политика во делот на надворешната политика, граѓаните се загрижени кој и што преговара со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром при посетата во Битола, одговарајќи на новинарско прашање за преговарачката рамка за Македонија при што истакна дека никако не смее да се дозволи бугарските барања да влезат во рамката.
„Во делот на надворешната политика би кажал дека Бугарија има такви ставови какви што има кои се неевропски и кои не содејствуваат со демократските вредности на 21 век и тоа никако не би смееле да дозволиме ние како држава која има свое влијание како би изгледала преговарачката рамка доколку се дојде до нејзе такви ставови и гледишта да има во неа“, рече Муцунски.
Тој посочи дека истовремено тоа што секој граѓанин на Република Македонија го загрижува е фактот што имаме влада која, како што кажа, е позната по попустливост во надворешната политика и влада која не знае да ги заштити македонските национални интереси.
„Затоа верувам дека граѓаните, но и ние како политички субјект сме навистина загрижени кој ги води преговорите во овој момент. И економијата и надворешната политика се само дел од аргументите и дополнителна теза од потребата за брзи предвремени парламентарни избори. ВМРО—ДПМНЕ како политичка партија е подготвена да се откаже од т.н. Пржинска влада дајте час поскоро да има парламентарни избори“, изјави Муцунски.