Македонија
Починаа седум лица, а потврдени се 414 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија седум лица починаа од коронавирус, а потврдени се 414 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.619 тестирања, а оздравени се 496 пациенти.
Во Скопје се потврдени 187 нови случаи, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од: Скопје-233, Куманово-28, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-17, Струга-16, Велес-13, Битола-17, Охрид-68, Кавадарци-1, Гостивар-17, Гевгелија-9, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-10, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-4.
Починати се седум лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290.
Досега во земјата се направени вкупно 402.444 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

