Македонија
Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на Ковид-19. Заразените се од Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21 и еден од Македонски Брод.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 895 оздравени пациенти од Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7, Неготино-9 и еден од Делчево.
Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55 и 56 години), четворица од Куманово (89, 95, 63 и 57 години), тројца од Прилеп (65, 59 и 79 години), еден пациент од Тетово (83), еден од Велес (67), тројца од Битола (77, 53 и 62 години), еден од Охрид (75), тројца пациенти од Гостивар (59, 76 и 66 години), еден од Гевгелија (74), тројца од Струмица (57, 68 и 76 години) и еден пациент од Ресен (61). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 26.877, активни 10.150
• Куманово 3.738, активни 942
• Дебар 462, активни 97
• Штип 2.662, активни 558
• Прилеп 2.983, активни 1.047
• Тетово 3.812, активни 961
• Струга 1.446, активни 456
• Велес 1.962, активни 718
• Битола 2.041, активни 891
• Охрид 1.595, активни 618
• Кавадарци 1.247, активни 496
• Гостивар 2.516, активни 942
• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.705, активни 597
• Крива Паланка 429, активни 126
• Радовиш 428, активни 118
• Крушево 129, активни 71
• Кочани 1.241, активни 288
• Пробиштип 364, активни 91
• Демир Хисар 199, активни 87
• Македонски Брод 169, активни 47
• Пехчево 100, активни 23
• Берово 361, активни 94
• Валандово 217, активни 69
• Виница 373, активни 159
• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 154, активни 53
• Свети Николе 836, активни 235
• Кичево 1.263, активни 517
• Ресен 459 активни 191
• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор-66, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, Синлаб-76, ЈЗУ (рапид тест)-39. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид-19.
Според новите податоци, бројот на активни случаи по скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 634
• Гази Баба – 1.520
• Аеродром -1.461
• Карпош – 1.191
• Центар – 1.103
• Кисела Вода – 1.250
• Ѓорче Петров – 878
• Бутел – 603
• Шуто Оризари – 200
• Студеничани – 54
• Сарај – 171
• Арачиново -33
• Илинден – 270
• Сопиште – 59
• Чучер Сандево – 104
• Петровец –140
• Зелениково -83
• Странец – 214
• Нераспределен- 182
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати коишто дополнително ќе ја стабилизираат.
Таа оцени дека Шпанија е важен партнер на земјава во рамки на НАТО, ООН, ОБСЕ и изрази благодарност до владата на Санчез и Шпанија за доследната поддршка на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Реафирмирајќи ја посветеноста на државава кон евроинтегративниот пат, Сиљановска-Давкова ја повтори позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, таа укажа на потребата од одржување на кредибилитетот на политиката на проширување и нагласи дека регионов кој историски, географски и културно припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство.
Претседателката со задоволство ја прими информацијата од премиерот Санчез дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.
Двајцата соговорници разговараа за соодветно одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Македонија
Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова динамика и проактивност во насока на унапредување на европската агенда на регионот.
Муртезани и Старовиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, особено во контекст на спроведувањето на Планот за раст, кој претставува заедничка можност за засилување на регионалната економска поврзаност и приближување кон европските политики. Посебен акцент беше ставен на досегашната соработка врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства, како и на новите можности за иницијативи од заемен интерес, вклучително и прекуграничните програми за развој и инфраструктурно поврзување.
Министрите го нагласија значењето на доследна и координирана примена на европските реформи во регионот, како предуслов за реализација на економските и институционалните придобивки предвидени со новиот пристап на ЕУ. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на блиската комуникација и заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји.