Македонија
Почина академик Цветан Грозданов
На 82 годишна возраст синоќа во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Тој е роден на 5 март 1936 година во Охрид, а студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, бил избран за претседател на Советот за култура.
Грозданов зад себе остави големо богатство во полето на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св.Климент Охридски.
За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство.
Посмртните останки на Грозданов ќе бидат изложени во црквата Св.Софија, утре на 1 април, од 13 до 14 часот. На чинот на опелото ќе началствува неговото високо блаженство архиепископот охридско – македонски г-дин г-дин Стефан, во сослужение на архиереите на македонската православна црква. Погребот ќе биде на градските гробишта во Охрид во 14ч. Општина Охрид комеморативна седница ќе одржи во понеделник, 2ри април.
По повод смртта на Грозданов и Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет Скопје во салата на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативна седница на 3ти април во 13 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

