Македонија
Почина невропсихијатарот Георги Чадловски, великан во полето на психијатријата
Во вечерните часови на 9.7.2022 ненадејно згасна животот на невропсихијатарот проф. д-р Георги Чадловски, великанот во полето на психијатријата, прв генерален директор на Клиничкиот центар – Скопје, основоположник на Клиника за ссихијатрија и автор на над 20 книги и учебни помагала.
Проф. Георги Чадловски е роден во Скопје 1943 година, по потекло од познатиот Галички Регион, своето основно и средно школување го завршува во Скопје и почнува да се занимава со новинарство поради што и почнува да му се развива љубовта на пишаниот збор. Се запишува на Медицинскиот факултет во 1962 година Скопје и напоредно со своите студии работи како новинар во „Нова Македонија“. Ги завршува медицинските студии во 1967 година за набргу потоа да ја почне својата плодоносна кариера во невропсихијатрија под менторство на проф. Филдишевски, ја довршува својата специјализација во Париз заедно со проф. Чепреганов и докторира 1981 година за набргу потоа да се искачи на академските скалила до редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку неговите многубројни научни и едукативни публикации и високо посетени предавања на Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и на Факултетот за безбедност. Во 90-тите учествува во формирањето на сегашниот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје и на сегашната Клиника за психијатрија поради што се наведува како основоположник на модерната психијатрија во Македонија. Од 2003 неуморно им се посветува на своите пациенти продолжувајќи ја својата дејност во ПЗУ Дијагностички центар – Скопје сè до последниот ден од животот.
Проф. Чадловски за својата долгогодишна активна улога во психијатријата има добиено многубројни признанија, повелби, плакети и државни награди за својот научен придонес вклучувајќи ја и наградата „Гоце Делчев“ врачена како највисоко општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.
Неговата ненадминлива остроумност, енергичност и пасија кон психијатријата се бележи во целиот негов професионален живот и ќе биде вечно запаметена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

