Македонија
Почна средбата за помирување, од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа
Почна координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, на чиј дневен ред
единствена точка е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на координацијата.
Присутни се дел од пратениците на новата пратеничка група, освен тројцата обвинети за 27 април. На средбата учествуваат координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, претставници на Беса, Алијанса за Албанците и независниот пратеник Панчо Минов.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи. Координацијата требаше да се одржи вчера, но на состанокот кај Џафери не присуствуваа подносителите на иницијативата, поради обврски поврзани со посетата на претседателот на австрискиот Национален совет на Австрија, Волфганг Соботка, кој вчера се обрати пред пратениците во Собранието.
Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпартиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека нема да учествуваат во работата на ова тело, а како причина сега го наведуваат изборот на Џафери да раководи со него. Од партијата, сепак, оставаат можност дека ќе ги почитуваат одлуките на телото ако се во насока на неселективно помирување, но не отстапуваат од барањето закон за целосна амнестија на обвинетите од 27 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

