Контакт

Македонија

(Видео) Почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка”

Објавено пред

Само еден ден по владината одлука ЈП „Македонијапат” почна да ја урива дивоградбата пред ДТЦ „Мавровка”.

Бетонските столбови ги урива еден багер, а просторот околу е под силно полициско обезбедување.

Една сообраќајна лента кај „Мавровка” е зафатена со полициски возила, а новинарските екипи и голем број граѓани го следат уривањето од крстосницата, па сообраќајот е закочен и Бит-пазар ечи од кршењето на бетонот, но и од нервозни возачи кои остануваат заглавени на семафорот и по дваесетина минути. Уривањето се одвива без пречки.

Македонија

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од Општина Гостивар за санација на Русино

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. При тоа, на средбата беа присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион.

Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е иста – контролирано управување со отпадот, со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина. Владата и МЖСПП се целосно подготвени за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион, и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес, како што информираше Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено, првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.

Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање  интервентни мерки за кои се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања. Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино. Брзите мерки значат набавка на контејнери за сите општини од Полошкиот Регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино (ова опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот, односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонија со поставување ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање отпад покрај патот). Но, за жал, овој дел делот од проектот со кој ќе се санира состојбата со нестандардната депонија „Русино“ не може сè уште да се реализра поради неиздавање согласност за инфраструктурен проект од страна на Општина Гостивар за да може да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. Во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино“ и со тоа не само што не го решаваме проблемот туку отвора нови проблеми за сите општини во регионот.

„При тоа е нагласена суштинската важност на усвојување на Регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион, кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и општина Гостивар, што е предуслов за обезбедување  финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот. Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затворање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот.

Присутните, изразувајќи подготвеност за заедничко решавање на проблемот, се согласија градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино и
регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање нова локација во рок од пет години, кој треба да биде одобрен од сите општини во регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи – Ханеда: Односите со Јапонија се пријателски и базирани на традиционално партнерство

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше проштална средба со Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, по повод нејзиното завршувањето на дипломатската мисија и заминувањето од земјата.

Во таа пригода Османи ѝ врачи плакета благодарница на амбасадорката Ханеда за извонредниот ангажман и личниот придонес во развојот на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија, посакувајќи ѝ успех во нејзините натамошни ангажмани во дипломатската кариера.

„Како прв јапонски резидентен амбасадор во нашата земја, оставивте длабок печат во развојот на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, особено преку вашето лично залагање и несебичната помош од Владата на Јапонија. Повеќе од 20 години добиваме донации и наменски проекти од народот на Јапонија, особено во здравствениот сектор, локалната самоуправа, образованието и останатите јавните установи, што претставува исклучително позитивен придонес во развојот на сите овие сектори“, истакна Османи.

Во сличен тон, соговорниците ги оценија односите меѓу двете земји како исклучително пријателски, базирани на традиционалното партнерство и соработка.

Амбасадорот Ханеда се заблагодари за гостопримството и успешната соработка во изминатиот период и ја пренесе заложбата за натамошно продлабочување на билатералните односи, како и за подготвеноста на јапонската страна за продолжување на развојна поддршка на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Објавено пред

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека во демократскиот свет не е видено премиер да тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициска партија.

Се работи за негова изјава дадена на крајот на август 2019 година.

„Тогаш во изјава за јавноста споделив дека до нас доаѓаат сознанија дека е рекетиран бизнисмен. Во јавноста  се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се рекетирани многу повеќе средства од тие  што тогаш беа споменувани, дека се работи за  сума приближно над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе, дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ. Времето по таа изјава ги потврди овие мои наводи во јавноста. Да е апсурдот поголем, иста таква изјава дадов и на 10 август 2019 година, значи 18 дена пред да ја дадам изјавата за којашто сум тужен“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изјавата не била демантирана, а семејството Заеви биле опседнати со него бидејќи претходно за клевета бил тужен и од Вице Заев.

„Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета. Напротив, избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати“, изјави Николоски и додаде дека се надева оти во овој судски процес ќе ја докаже вистинитоста на неговата изјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Македонија1 час

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Европа2 часа

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Македонија3 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа3 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија4 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа5 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет5 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет15 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет16 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет18 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет19 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија19 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија21 час

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија21 час

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион21 час

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија22 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија22 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Досие