Македонија
Од 58 држави, Македонија на 45. место по математика, а по природни наука на 51.
Република Северна Македонија во математичка писменост, од 58 држави, е на 45. место, а во природни наука сме подолу рангирани, односно на 51. место, покажаа резултати од меѓународното ТИМСС-тестирање спроведено во 2019 година, соопшти МОН.
Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонг Конг, Кина, Јапонија… Во однос на земјите од опкружувањето, нашите ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
„Резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС ни давaат вистинска слика за тоа каде се наоѓа нашиот образовен систем на глобалната карта по математика и природни науки и колку нашите ученици се оспособени да го искористат сопственото знаење. Тестирањето ни покажа дека како земја, генерално, имаме капацитет да создадеме квалитетно едуцирани генерации, но дека треба уште многу да се работи. Затоа, веќе работиме на целосно нова концепција за основно образование, која треба да го поттикне и изрази полниот потенцијал на секое дете. Исто така, треба да создаде идни генерации, кои нема само да меморираат факти туку ќе носат заклучоци базирани на анализа на факти.
Само преку ваков начин и пристап на креирање политики, оптимисти сме дека ќе продолжиме да одиме напред и на следното ТИМСС или кое било друго меѓународно тестирање на кое ќе учествуваме.
Овие резултати треба да нè мотивираат да го одржиме континуитетот во креирање и спроведување длабински образовни реформи во секој сегмент, на секое ниво и од секој аспект затоа што гледаме дека заложбите почнуваат да го даваат очекуваниот и проектиран позитивен ефект. А тоа е така бидејќи политиките што ги креираме се засноваат на објективни и кредибилни анализи и истражувања за тоа што навистина е потребно целосно да се промени, модифицира, да се воведе или евентуално отстрани од образовниот систем“, соопшти Министерството за образование и наука.
TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природната група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите што влијаат на тие постигања.
Интернационалната организација за оценување ИЕА го организира тестирањето, а во нашата држава го спроведува Државниот испитен центар. Нашата земја досега учествуваше во четири ТИМСС-тестирања, и тоа во ТИМСС 1999, ТИМСС 2009 и ТИМСС 2011 со популација од осмо одделение, и сега во ТИМСС 2019 првпат со популација од четврто одделение. Резултатите од овие меѓународни студии секогаш служат за креирање на промените што треба да се случат во сферата на образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

