Контакт

Македонија

По пожарот на старите прагови во Куманово, железничкиот сообраќај се одвива редовно

Објавено пред

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“ информира дека поради опожарени стари дрвени прагови во станичното подрачје на железничката станица Куманово и гаснење на истите, поради безбедносни причини беше исклучен напонот за електровлеча помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце во 17:35 часот.

Сообраќајот на возовите помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце се одвива редовно за патнички и товарни возови со провлекување на возовите со дизел-локомотиви. Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура заедно со противпожарната бригада од Куманово учествуваат во гаснење и локализирање на пожарот и постапуваат согласно со упатството за гаснење пожари. Екипите остануваат на терен до целосно неутрализирање на пожарот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Внимателно возете, одрон на патот Велес – Градско

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ДОО „Стентон градба“ – Битола известува дека поради изведување градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско (транзитен дел низ Велес), од 24.2.2020 ќе има привремено изменет режим на сообраќај сè додека траат градежните работи.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Објавено пред

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без речиси никакви хумани услови за живеење. Во исто време беше споделена и фотографијата на Лука додека тој беше сместен во Скопската зоолошка градина, со банана во раката и задоволен поглед – токму таа фотографија на Горан Анастасовски се најде во изборот на британскиот весник „Дејли мејл“ на највесели фотографии од животни на последната деценија.

Разликата во изгледот и погледот на Лука е повеќе од очигледен.

По жестоките реакции во јавноста, се огласи директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, кој рече дека донел одлука Лука да биде вратен во Скопје.

„Пред извесно време во Скопје ЗОО имавме сугестии од странските ментори да го преселиме мајмунчето Лука некаде каде што ќе живее во заедница бидејќи во Скопје требаше да остане сам. Затоа одлучивме да оди во Битола извесен период. По вчерашните слики од некои граѓани на Битола, видов дека не може да живее таму и денес со мојот тим одлучив Лука да биде вратен во Скопје. ЗОО Скопје секогаш ќе биде спремна за помош на битолската Зоолошка, но и тамошните власти треба да најдат решенија и да створат услови за нормален живот на сите животни бидејќи зоолошките во Европа и светот постојат за едукација и за да ги заштитат и да се грижат за опстанок на ретките видови животни. Кон тоа се стремиме и ние“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Малечкото мајмунче Лука беше напуштено од својата мајка, па поради тоа, чуварите од Зоолошката градина во Скопје го зедоа под своја заштита и го опсипуваа со љубов и нега.
И така беше сè до денот кога го одведоа Лука во Битола, кога тој целосно ги промени својот изглед и расположение. За среќа, Лука набргу ќе се врати во својот дом во Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поповски на средба со Тимоние: Поддршка за иницијативата за листа на професионални медиуми во земјата

Објавено пред

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата, Роберт Поповски, оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, на која разговараа за заложбите на оваа Влада за целосна слобода и независност на медиумите, особено во предизборниот период.

Францускиот амбасадор изрази надеж дека претстојните избори ќе се одржат во фер и демократска атмосфера и дека тоа е особено важно во пресрет на најавите за добри вести за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Амбасадорот Тимоние исто така истакна дека атмосферата во Париз по ова прашање е многу подобра и дека со заедничка работа со тамошните политички фактори ќе бидат постигнати резултати како прилог на заложбата на Франција за што побрза интеграција и напредок на земјите од Западен Балкан.

Амбасадорот Тимоние истакна дека ги цени напорите за целосна транспарентност на оваа Влада. Тој рече дека има подобра атмосфера и во областа на медиумите и изрази надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во оваа сфера за сметка на професионалноста.

Министерот Поповски информира дека оваа Влада постигна извонредни резултати на полето на транспарентноста – од последното место на кое се наоѓаше по ова прашање во 2017 година, таа сега се наоѓа на прво место меѓу шесте земји од регионот.

„Наша цел е Владата да биде еднакво транспарентна како владите на државите во Европската Унија, особено во поглед на криминалот и неговото обелоденување. Издејствувавме и максимална транспарентност на трошоците на сите министри и директори на јавните претпријатија до најмал детаљ. Исто така, ние сме единствена Влада во Југоисточна Европа која секоја буџетска трансакција ја стави на увид на граѓаните“, нагласи Поповски.

За финансирањето на медиумската изборна кампања, Поповски истакна дека власта и опозицијата ќе имаат еднаков број минути за закуп на простор за кампањата и дека по углед на европските влади и Владата на Северна Македонија гради стратегија за давање директна поддршка на печатените медиуми, и тоа во износ од 50 отсто од трошоците за печатење и 50 отсто од трошоците за дистрибуција за медиумите што се печатат на македонски јазик и во износ од 70 отсто за медиумите што се печатат на јазиците на помалите заедници, со што Владата го стимулира нивниот медиумски развој.

Во поглед на работата на порталите и социјалните мрежи, Владата ги следи насоките на Европската комисија и ја поддржува саморегулацијата на новинарските здруженија. Во таа насока е поздравена иницијативата на Здружението на новинарите и на Советот за етика во медиумите за листа на професионални медиуми во државата, со надеж дека оваа иницијатива ќе помогне за зајакнување на професионалноста на овие медиуми, како и од аспект на нивната одржливост на медиумскиот пазар. Поповски го посочи и значењето на усвојувањето на Стратегијата за справување со лажните вести истакнувајќи дека оваа Влада посветува особено внимание на подигнување на нивото на медиумска писменост на граѓаните, која е во план да се вгради и во образованието.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Македонија10 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет12 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа13 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија14 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет16 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија16 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија17 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија17 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ18 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа18 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа18 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет20 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет20 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа1 ден

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет1 ден

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа2 дена

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија2 дена

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ2 дена

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Досие